Индикатори за животна средина

Состојбата на животната средина, презентирана со квантитативни и квалитативни податоци добиени преку научно засновани мерења и анализи
Indikatori
Подготовката на индикаторите претставува исполнување на една од обврските од Законот за животна средина, и ја обезбедуваат основата што е неопходна за соодветно одлучување во процесот на управување со животната средина

Известувањето за животната средина преку индикатори претставува амбициозен потфат да се произведе извештај, слика на состојбата на животната средина, презентирана колку што е можно повеќе со квантитативни и квалитативни податоци добиени преку научно засновани мерења и анализи, коишто упатуваат на изворите, причините, последиците и трендовите на конкретните состојби. 

Подготовката на индикаторите претставува исполнување на една од обврските од Законот за животна средина, и ја обезбедуваат основата што е неопходна за соодветно одлучување во процесот на управување со животната средина, со штосе дава очекуваниот придонес кон одржливиот развој на нашата земја.

 

Со одбрани индикатори за поедини медиуми и области на животната средина, се обидовме како на стручната така и на пошироката јавност да им ја прикажеме состојбата со животната средина, трендовите и напредокот во поедините области со обезбедување на точни и веродостојни податоци.

Информациите за состојбата на животната средина секогаш се интересни и актуелни. Тие се клуч во креирањето на политиките и донесувањето на важни одлуки и има право да ги знае секој граѓанин на Република Северна Македонија, како би можел и самиот да придонесе во процесот на подобрување на состојбата.

 

Зошто индикатори за животна средина?

Воспоставувањето и развојот на индикаторите за животна средина беше водено од потребата да се идентификуваат индикатори кои ќе бидат релевантни за следење на состојбата на животната средина и креирање на политиката, во согласност со основната група на индикатори (CSI) на Европската агенција за животна средина, кои беа одобрени и усвоени од сите релевантни тела, во 2004 година, и содржи 37 индикатори.Овие индикатори треба да дадат одговор на клучните прашања за развој на политиката за животната средина.

Правилно избраните индикатори, базирани врз соодветно избрани временски серии, ги прикажуваат клучните трендови и овозможуваат брзо и соодветно дејствување на сите учесници во процесот на заштитата на животнатасредина, а особено се релевантни за креирање на политиката за заштита на животната средина.

Владата на Република Северна Македонија во 2008 година ги усвои Индикаторите за животна средина подготвени од Македонскиот информативен центар за животна средина, со што се идентификуваа индикаторите кои се карактеристични на национално ниво, при што усвоени се 40 индикатори во 12 поглавија.

Развивањето на поединечните индикатори и подготовката на Индикаторски извештај за животната средина е динамичен процес, кој подлежи на континуирано ажурирање и унапредување, па согласно одредбите од Законот за животна средина, секоја втора година оваа основна листа од 40 индикатори се ажурира и дополнува.

Подготвените индикатори за животна средина се засновани врз нумерички податоци прикажувајќи ја состојбата, посебната карактеристика или движењето на определена појава. Индикаторите можат да предупредат за настанатите проблеми и се корисна алатка во процесот на известување за животната средина. Овие индикатори даваат одговор на клучните прашања за развој на политиката за животната средина. Поради сублимираната и јасна порака поддржана од податоци и информации, индикаторот е неизбежна алатка за следење на постигнувањето на целите на секторските политики – стратегии, планови, други документи и основа за планирање ефективна политика за заштита на животната средина и одржлив развој.

 

Класификација на индикаторите за животна средина

Сите индикатори од групата се распоредени во согласност со рамката позната по кратенката ДПСИР, која ги опфаќа следниве концепти: Движечки сили – Притисоци – Состојба – Импликации – Реакции, каде што секоја фаза пренесува свое значење (слика 1).Оваа рамка особено е важна и јасна за креирање на политиката за заштита на животната средина.

  • Движечките сили се социјални и економски фактори и активности, кои предизвикуваат зголемување или ублажување на притисоците врз животната средина. Тие може да ги опфатат, на пример, опсегот на економските, транспортните или економските активности.
  • Притисоците се презентираат преку директните антропогени притисоци и импликации врз животната средина, како што се емисии на загадувачки материи или трошење на природните ресурси.
  • Состојбата се однесува на постојната состојба и на трендовите во животната средина, со кои се определува нивото на загаденост на воздухот, водата и почвата, биолошката разновидност на видовите во рамките на поединечни географски области, достапноста на природните ресурси, како што се дрвната маса или слатките води.
  • Импликациите ги претставуваат ефектите што ги имаат промените на животната средина врз здравствената состојба на луѓето и на останатиот жив свет.
  • Реакциите се реакции (одговорите) на општеството кон проблемите во животната средина. Тие може да вклучуваат посебни мерки на државата, како што се даноци на потрошувачката на природните ресурси. Исто така, во овој контекст важни се и одлуките на компании и поединци, како што се инвестиции со кои се контролира загадувањето или купување на рециклирани производи од домаќинствата.
  •  

 

Индикатори - класификација

 

Индикаторите според типот, исто така, се класифицирани во пет категории, и тоа:

А = описен индикатор (дава одговор на прашањето „Што се случува со животната средина и со луѓето?“, односно ја опишува постојната состојба )

Б = индикатор за напредокот (дава одговор на прашањето „Колкава е оддалеченоста меѓу постојната состојба и утврдената цел?“, односно ја споредуваат постојната состојба на животната средина со утврдените цели за заштита на животната средина и служат за следење на напредокот кон таквите цели)

В = индикатор за ефикасноста на заштитата на животната средина (дава одговор на прашањето „Дали се подобрува квалитетот на животната средина?“, односно опишува дали општеството го подобрува квалитетот на своите производи и процеси во однос на ресурсите, емисиите и отпадот на единица производ)

Г = индикатор за ефективноста на политиката (дава одговор на прашањето „Колку се спроведува ефективно официјалната политика на земјата за заштита на животната средина?“, односно дали и во колкава мерка се спроведува официјалната политика на земјата)

Д = индикатор за севкупната добросостојба (дава одговор на прашањето „Дали целосно ни се подобрила состојбата?“, односно опишува дали и во колкава мерка земјата остварува одржлив развој или економски развој којшто обезбедува социјална добросостојба на граѓаните и заштита на животната средина).

 

Презентирање на индикаторитe за животна средина

За сеопфатно презентирање на индикаторите, информациите и податоците за истите, прикажани се со краток опис на индикаторот, изготвен во согласност со темплејтот утврден од Европската агенција за животна средина а прилагоден кон националните потреби, секој индикатор поединечно е претставен подетално на следниот начин:

  1. Код и име на индикаторот
  2. Тренд
  3. Класификација по ДПСИР рамка
  4. Дефиниција
  5. Единици
  6. Клучно прашање за политиката
  7. Клучна порака
  8. Специфично прашање за политиката (ако има потреба)
  9. Оценка
  10. Методологија
    • Методологија за пресметка на индикаторот
    • Методолошка несигурност и несигурност на податоците
  11. Цели
    • Национални
    • Меѓународни
  12. Обврска за известување
  13. Мета-податоци
    • Код на индикаторот
    • Име на индикаторот
    • Класификација по ДПСИР
    • Тип
    • Поврзаност со област
    • Фреквенција на публикување
    • Временска покриеност
    • Извор на податоци
    • Датум на последна верзија
    • Контакт – Подготвено од
  14. Поврзаност со други индикатори
    • Со други листи на меѓународни индикатори

Квантитативните вредности на даден индикатор се изразуваат, главно, во годишни вредности за одреден период, а се прикажуваат со графикони, табели и карти. Тие се проследени со објаснувања со кои се толкува развојот и можните причини, како и спроведените и предвидените мерки за унапредување или за зачувување на постојната состојба на животната средина. Секој индикатор е придружен со симбол кој дава оценка за поединечните индикатори и покажува тренд во однос на презентираните податоци и утврдените цели.

 

Симболи со кои се означуваат оценките на трендовите

 

 

Бидејќи еден индикатор може да е поврзан со две или повеќе теми, при приказот на индикаторите на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, истиот ќе се појавува во сите поглавја со кои е поврзан.

 

Статус на ажурирање и дополнување во 2020 година

При подготовка на Индикаторски извештај за животната средина, со оглед на комплексноста на проблематиката, за да може да се споредува состојбата, да се врши анализа на текот и развојот на појавите во неа и да се предвидуваат трендовите на развојот во иднина, направено е ажурирање на секој индикатор поединечно со нови податоци.

Во периодот од јануари до ноември 2020 година ажурирани и дополнети се индикаторите од 2018 година.

Заради поедноставна споредба на националните индикатори, со индикаторите во регионот и останатите групи на меѓународни индикатори, во текот на подготовката, земени се во предвид усогласувањето и поврзувањето со:

  • националните приоритети
  • препорачаната основна група на индикатори на ЕЕА
  • индикаторите на UNECE и EUROSTAT
  • индикаторите од Целите за одржлив развој
  • индикаторите за зелен раст и кружна економија и
  • останати групи индикатори.

При ажурирање на индикаторите од 2018 година, посебно се земени во предвид препораките 4.6 и 4.7 од Третиот преглед на состојбите во животната средина подготвен од UNECE, кој се фокусира на зелената економија, интегрирањето на аспектите од животната средина во сите политики, соработката со меѓународната заедница и интегрирање на целите за одржлив развој.

 

Број на теми и индикатори

Во последниот циклус на ажурирање во 2020 година во процесот на усогласување и поврзување со останатите сетови на индикатори, и исполнување на барањата од препораките 4.6 и 4.7 од Третиот преглед на состојбите во животната средина, од страна на експертите во поедините теми, додадени се нови теми релевантни за животната средина, поделени во 17 поедини поглавја како што следува:

  • Остануваат со исто име:
    • Воздух, Климатски промени, Отпад, Вода, Земјоделство, Енергија, Транспорт, Здравство и Туризам
  • Името на поглавјето се менува:
    • Биолошка разновидност се преименува во Природа
    • Почва се преименува во Почва и користење на земјиште
    • Трошоци за заштита на животната средина се преименува во Економија на животна средина и управување со ресурси.
  • Поглавјето се брише:
    • Рибарство
  • Нови поглавја:
    • Социо-економски промени, Шумарство, Домаќинства, Бучава и Инструменти за политиките на животната средина.

Како резултат на професионална обработка на податоците и информациите добиени со мерење, пресметка или проценка, во Индикаторскиот извештај за 2020 година вкупно се подготвени 117 индикатори и тоа:

  • 63 индикатори се ажурирани и дополнети со нови расположливи податоци
  • 5 индикатори не се ажурирани заради недостаток на нови податоци и информации
  • 3 индикатори од тема воздух се споени во еден
  • по 1 индикатор е избришан од темите природа и енергија зошто податоците се содржани во друг нов индикатор и
  • додадени се 48 нови индикатори.

Во процесот на поврзување на постојните индикатори со темите релевантни за животната средина, заради тоа што еден индикатор може да биде поврзан со повеќе теми, се увиде дека некои од индикаторите пологично е да бидат префрлени во друго поглавје и тоа:

симболи со кои се означуваат индикаторите

A-Izvestai

Листа на индикатори