Министер
Министер за животна средина и просторно планирање
Телефон
Опис на работната позиција
Управување со функционирањето на министерството и органите во состав
Министер - надлежности
- Управување и планирање на животната средина (Управување со проектен циклус)
- Учество во подготовка на законски акти, хармонизација со ЕУ, процес на скрининг и преговори
- Управување со животната средина во насока на одржлив развој и заштита на воздух, води, почви и природни ресурси од загадување (во корелација со политиките на секторите енергетика, транспорт, земјоделие итн)
- Развивање на политики, програми и проекти од областа на животна средина и одржлив развој
- Координација на институционални и инфраструктурни проекти од областа животна средина, со особен акцент на управување со води и отпад
- Координација на институционални проекти од сегментот одржлив развој во Македонија
- Подготовка на работни задачи, тендерски досиеја, анализи, извештаи и останати работни документи од областа животна средина
- Фасилитирање на работилници, семинари, обуки, јавни дебати и сл.
Изет Меџити е роден на 08 февруари 1977 година во Скопје, каде го завршил и средното образование во гимназијата „Зеф Луш Марку“. По национална припадност е Албанец.
Образование
Магистер по јавен менаџмент на Економскиот факултет во Скопје
Универзитет Свети Кирил и Методиј, Економски факултет, Финансиски менаџмент и сметководство
Гимназија „Зеф Луш Марку“ во Скопје
Мајчин јазик
Албански
Работно искуство
2024: Назначен за вицепремиер на Северна Македонија како и министер за животна средина и просторно планирање
2023: Основач на Демократското движење и стана претседател на истата
2020: Избран за пратеник во ИЕ 113
2009: Реизбран за градоначалник на општинските избори
2005: Избран за градоначалник на општина Чаир
2003-2005: Економски соработник во Македонски пошти
2001-2003: Предаваше економски предмети во средното училиште „Арсени Јовков“.
Реализирани проекти и активности
Успешно реализирани над 100 проекти во Чаир
Промовирана соработка со граѓанскиот сектор и различни здруженија
Подобрена инфраструктура, патишта, осветлување и поддржани културни и духовни манифестации
Извонреден придонес за факторизирање на говорот на Албанците во Скопје