Сектор
Секторот за Европска Унија го следи и координира процесот на eвропска интеграција

СЕУ го следи и координира процесот на eвропска интеграција на Република Северна Македонија од областа на животната средина и климатските промени.
Секторот за ЕУ е надлежен за:
- Координација и раководење на евроинтегративниот процес во областа на Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени во рамките на кластер 4 – Зелена Агенда и одржлива поврзаност.
- Координација и учество во процесот на хармонизирање на националното законодавство со европското, градење на потребните институционални и административни капацитети и исполнувањето на приоритетите и критериумите за интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ во областа на животната средина и климатски промени,
- Ги координира и учествува во спроведување на активностите за Поглавје 27 – животна средина и климатски промени кои се однесуваат на подговка на извештаи за напредок во евроинтегративниот процес во областа на Поглавјето 27, како и други документи кои произлегуваат од процесот на преговори за пристапување кон ЕУ,
- Го следи и анализира процесот на преговарање и обезбедува поддршка во процесот на преговори за членство на РСМ во ЕУ од областа на животна средина и климатски промени,
- Развива и презема активности кои се однесуваат на стандардите за животна средина, критериуми за еколошко означување на производи и услуги, како и активности за воспоставување на шемата за управување во животната средина средина и нејзина ревизија.
Линдита Шакири

Раководител на сектор
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30
СЕУ-Одделение за усогласување со правото и преговори


Одделение
Усогласување право и преговори
Спроведување на активности за координација на процесот на ЕУ интеграција и преговори за членство
СЕУ-Одделение за стандарди


Одделение
Одделение за стандарди
Спроведува активности кои се однесуваат на усвојување на нови стандарди, нивна измена и дополна, донесување на критериуми за еколошко означување
Драгана Черепналковска

Помошник раководител на сектор
Документација
Сектор за ЕУ - Документација 01
Спогодба за стабилизација и асоцијација и тела воспоставени во рамки на ССА
Сектор за ЕУ - Документација 02
Извештаи на Европска Комисија за Северна Македонија
Сектор за ЕУ - Документација 03
Процес на пристапување кон Европската Унија
Сектор за ЕУ - Документација 04
Скрининг