Сектор
Номотехничка изработка на нацрти на закони и подзаконски акти од областа на животната средина на предлог на секторите

Номотехничка изработка на нацрти на закони и подзаконски акти од областа на животната средина на предлог на Секторите, изработува одговор на доставените преставки и предлози, спроведува испити од областа на животната средина, носител на активности за политиките за интегритет
Опис на дејноста и обврските на секторот
- Секторот за општи и правни работи дава упатства при подготовка на интерни акти, подготвува мислења, анализи, информации и извештаи за истите;
- Номотехнички ги подготвува нацрт законите и подзаконските акти од областа на животната средина како и измените и дополнувањата на законите и подзаконските акти од областа на животната средина
- Подготвува критериуми и индикатори кои се однесуваат на мерење и оценка на ефикасното спречување на корупција, политика на интегритет
- Одговор по однос на сите поднесени претставки и предлози;
- Секторот за општи и правни работи воедно е и носител е на активностите за изработување на процедури од Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2008 и ISO 9001:2015, и носител на активностите за изработување и примена на Системот за заедничка рамка за проценка CAF;
- Секторот за општи и правни работи детално ги следи следи, проучува и ги применува прописите од Законот за постапување по преставки и предлози, Законот за општа управна постапка, Закон за архивски материјал, Закон за организација и работа на органите на државна управа, Законот за прибавување и размена на докази по службена должност, Закон за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничка рамка на проценка на работењето и давањето на услуги во државната служба, Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, Законите од областа на животна средина,закон за заштита на лични податоци, закон за информации од јавен карактер, Закон за безбедност и здравје при работа, Закон за укажувачите;
- Спроведува изпити од областа на животната средина (СЕА, ЕИА и стручен испит за управител за отпад)
- Правени совети на барање на секторите, контрола на дел од правните акти на институцијата
- Учествува во подготовката на Стратешкиот план на МЖСПП и Планот за спроведување на Програмата за работа, како и предлог-буџетот на Министерството од делокругот на работата.
Билјана Тешева Ѓорѓиевска

Раководител на сектор
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30
СПОР - Одделение за нормативно правни и административно стручни работи


Одделение
Административно стручни работи
Развивање и обединување на политиките во рамките на делокругот на одделението, нивна координација и спроведување, како и поддршка на работата на раководителот на секторот
СПОР - Одделение постапување по претставки и предлози


Одделение
Претставки и предлози
Управување со функционирањето на одделението и спроведување на надлежностите во функција на постапување на претставки и предлози на физички и правни лица за работата на министерството
СПОР - Одделение за општи работи


Одделение
Општи работи
Организација и координирање на работите во Одделението во делот на вршењето на општи работи за потребите на министерството