Почва

Почвата е дефинирана како површински слој на земјината кора, формиран од минерални честички, органски материи, вода, воздух и живи организми
img1
Формирањето на почвата е екстремно бавен процес и поради тоа почвата може да се смета како необновлив ресурс

Почвата е производ на дејствувањето на педогенетските процеси кои се обусловени од континуираното, заедничкото и меѓузависното дејство на хетерогените педогенетски фактори. Од педогенетските фактори би ги споменале:

  • релјефот со различна надморска височина, експозиција и инклинација, хидрографските услови,
  • геолошките формации со различна старост и состав,
  • присуството на повеќе клими, како и
  • различни растителни асоцијации.

Поради долготрајното дејство на педогенетските фактори нашите почви во текот на времето се менувани, така што достигнале различен степен на еволуција. Кон ова треба да се додаде и долготрајното дејство на човекот кое ја има изменето насоката на природните педогенетски процеси во многу наши почви. Во просторот на нашата земја се јавува голрема хетерогеност на почвениот покривач. Тој е мошне мозаичен, што значи дека се менува на мали растојанија. Во Република Македонија има нешто повеќе од 30 почвени типови и уште повеќе поттипови, вариетети и форми.

Почвата е многу динамичен систем кој изведува многу функции и обезбедува сервиси значајни за активностите на човекот и опстанокот на екоситемите. Почвата има бројни еколошки функции, кои што се од суштинско значење за заштитата на животната средина, но и за економијата и напредокот на општеството во целост.

  • Почвата не обезбедува со храна, биомаса и други суровини.
  • Таа е платформа за човековите активности и е архив на геолошкото и археолошкото наследство.
  • Игра и централна улога како живеалиште и депо на гени на живите организми.
  • Почвата ги чува, филтрира и трансформира многу супстанции, вклучително и водата, хранливите материи и јаглеродот.
  • Во почвата се наоѓа најголемото депо на јаглерод во светот (1.500 гигатони).

Почвата е екстремно комплексен и варијабилен медиум. Структурата на почвата игра значајна улога во детерминирањето на нејзините способности за изведување на нејзините функции. Било кое оштетување на структурата на почвата ги оштетува и другите медиуми на животната средина и екосистемите.

Почвата е подложна на сериозни деградации. Тука се вклучени ерозијата, намалувањето на органските материи, локална и дифузна контаминација, отпечатувањето, намалување на биодиверзитетот, салинизација, поплавување итн. Во комбинација сите овие деградации можат да доведат, во аридни и субаридни климатски услови до опустинување.

Влијанијата врз почвата кои ги предизвикуваат човековите активности постојано се зголемува, што предизвикува сериозни социо-економски последици.

Потребата од заштита на почвата и интегрираното управување со почвата се изнесени во Вториот Национален еколошки акционен план на Република Македонија 2006.


Република Македонија ја ратификуваше во 2002 год. Конвенцијата на Организацијата на Обединетите Нации за борба против опустинувањето, особено во земјите кои се соочуваат со сериозни суши - United Nation Convention to Combat Desertification (UNCCD).

Протоколот од Кјото укажува на тоа дека почвата претставува главно депо на јаглерод кое треба да се заштити и да се зголеми ако е возможно. Одделувањето на јаглерод во земјоделските почви со одредени управувачки практики може да допринесе за намалување на климатските промени. Република Македонија ја ратификуваше Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени – United Nations Framework Convention on Climate Change (UNFCCC) во 1997 год. и го ратификуваше протоколот од Кјото во 2004 год.

Конвенцијата за биолошка разновидност – Convention on Biological Diversity (UNCBD)Република Македонија ја ратификуваше во 1997 год.

 

 

Почва - Заштита на почвата

1
2
3
Управување
Заштита на почвата
Ова мора да се постигне преку посебни мерки на политиката за заштита и управување на почвата, и вградување на прашањата за заштита на почвата во останатите секторски политики, односно во земјоделството, шумарството, управување со водите, транспортот и др.

Почва - Регулатива

Почва
Регулатива
Во Република Македонија се повеќе се наметнува потребата од донесување на соодветен закон кој ќе ја третира почвата од повеќе аспекти како медиум на животната средина.

Заштитата на почвите во Република Македонија се регулира со неколку закони:

Почва - Упатства

Почва
Упатства
Документи кои ги опишуваат процесите и мерките за одржување на здравата почва, вклучувајќи и методи за превенција на ерозијата и заштита на биолошката разновидност

Почва - Решенија

Почва
Решенија
Стратегии и технологии за управување со почвените ресурси, вклучувајќи ги ерозијата, загадувањето и заштитата на почвата за одржливо земјоделство и заштита на животната средина

Почва - Обрасци

Почва
Обрасци
Стандардизирани форми или шаблони кои се користат за собирање и документирање на информации за состојбата, хемиски состав и други карактеристики на почвата, што овозможува прецизна анализа и управување со земјоделските и еколошките практики

Почва - Регистри

Почва
Регистри
Централизирани бази на податоци кои ги содржат информации за состојбата и квалитетот на почвата, како и за различните активности и прекумерните користења

Почва - Дозволи

Почва
Дозволи
Одобрувања или лиценци издадени од надлежните институции, кои ги регулираат активностите поврзани со користењето на почвата за различни намени, вклучувајќи земјоделство, градежни дејности и индустрија, за да се обезбеди заштита на почвата

Ерозија на почвата

Галерија