Сектор за природа

Сектор
Заштита на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство во заштитени подрачја и надвор од заштитени подрачја
Сектор за природа

Спроведува заштита на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство во заштитени подрачја и надвор од заштитени подрачја, како и заштита на природните реткости

Според постоечката систематизација на МЖСПП е составен од Одделението за заштита на природното наследство и Натура 2000, Одделение за биодиверзитет и генетски модифицирани организми и Одделение за уредување на просторот во заштитени подрачја и геодиверзитет

Секторот природа спроведува активности за заштита на природата преку:

  • валоризација на природните вредности и ревалоризација на заштитени подрачја,
  • прогласување на заштитени подрачја и природни реткости,
  • мониторинг на состојбата со природата, односно мониторинг на живеалишта и видови од национално и Европско значење и мониторинг на објекти на геодиверзитетот
  • идентификација на потенцијални подрачја на национално ниво за идната Европската еколошка мрежа Натура 2000
  • изработка на Црвени листи за одделни таксономнски групи растенија, животни и габи
  • воспоставување и развој на концептот за екосистемски услуги
  • развој на концептот за решенија засновани на природата
  • врши стручен надзор на спроведувањето на планови за управување со заштитените подрачја,

Во рамки на управна постапка Сектор природа ги спроведува следните активности:

  • врши ажурирање на националната легислатива за заштита на природата (Закон за заштита на природа и подзакконски акти)
  • издава согласност на планови за управување со заштитени подрачја и на годишни програми за заштита на природата на заштитените подрачја
  • издава дозволи за научно истражување во природата
  • издава дозволи за собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни
  • издава ЦИТЕС дозволи за регулирање на меѓународна трговија со загрозени диви растителни и животински видови, нивни делови и деривати.
  • изготвува стручни мислења во постапка на донесување на планска документација за уредување на просторот во заштитени подрачја
  • издава мислења  за податоци и инфорамции за проекти и активности во природата
  • изготвува мислења за Владини седници по однос на закони, подзаконски акти и информации од други  државни институции

 

 

Студии

 

Студија за ревалоризација на Националниот парк „Маврово" 

Анекс на Студијата за ревалoризација на споменикот на природата - Долна Пчиња

 

Студија за ревалoризација на споменикот на природата-Катлановски Предел

 

Студија за валоризација на Белчишко Блато

 

Студија за валоризација на Охридското Eзеро Споменик на природата

 

Студија за валoризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина

 

Студија за валoризација на Шар Планина

 

Студија за валоризација за предлог подрачјето за заштита „Осоговски Планини“ во категорија заштитен предел

 

Студија за валоризација на Студенчишко Блато

 

Ревидирна Студија за ревалоризација на прирoдните вредности на заштитеното подрачје споменик на природата Кањон Матка

 

 

-Студија за валоризација на заштитеното подрачје Парк-шума „Водно“

-Прирачник за следење за езерски видови и живеалишта на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро

-Студија за ревалоризација на прирoдните вредности на заштитеното подрачје строг природен резерват "Тиквеш"

-Студија за валоризација на природните вредности во повеќенаменското подрачје „Јасен“

-Студија за валоризација на природните вредности на Планината Беласица

-Студија за ревалоризација на заштитеното подрачје Маврово

-Физибилити студија за Езерани

-Валоризација на природните вредности на Шар Планина и проценка на нивната пазарна вредност

-Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Северна Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)

Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

СП - Одделение за биодиверзитет и ГМО

1
2
Одделение
Биодиверзитет и ГМО
Воспоставува меѓуресорска и меѓусекторска соработка во постапка на изготвување, донесување и спроведување на прописи за биодиверзитет и генетски модифицирани организми

СП - Одделение за уредување на просторот и геодиверзитет

1
2
Одделение
Уредување на просторот
Oдделение за уредување на просторот во заштитени подрачја и геодиверзитет врши следење на состојбата со заштитените подрачја геолошкото и геоморфолошкото наледство во постапките на изработка на просторно планска документација

СП - Натура 2000

1
2
Одделение
Натура 2000
Развивање на политики за заштита, зачувување и унапредување на природата, координирање и спроведување на политиките преку програми за работа согласно националната легислатива за заштита на природата
Документација

Елаборати за ревалоризација

Елаборати за ревалоризација