Сектор за координација на работата на министерот

Сектор
Oбезбедување оперативно-техничка и координативно-логистичка подршка во реализацијата на предметите од меѓуресорска природа и меѓународна соработка
Сектор за координација на работата на министерот

Управување со функционирањето на секторот во функција на обезбедување оперативно -техничка и координативно - логистичка подршка во реализацијата на предметите од меѓуресорска природа и меѓународна соработка. 

Oпис на дејноста и обврските на секторот:

  • Ја планира, организира и координира работата на секторот, спроведува надзор и дава насоки и упатства за работа на вработените, го следи, контролира и оценува работењето на вработените
  • Ја планира, организира и координира билатералната соработка во министерството, учествува и координира билатерална соработка во мешовити владини комисии
  • Соработува со агенциите на ООН како во земјава така и нивните претставништва во странство, со Министерство за надворешни работи и со други релевантни домашни институции, со регионални меѓународни организации и меѓународни финансиски институции
  • Го координира процесот на испраќање материјали до Владата на РМ, Генералниот секретаријат и Собранието на РМ и дава насоки и упатства при подготовка на истите;
  • Ја следи реализацијата на Заклучоците од седниците на Владата на РМ за прашања од надлежност на министерството и го назначува до одговорните за реализација
  • Го организира протоколот во Кабинетот на министерот при посета на странски претставници како и при посета на други држави; 
  • Дава насоки и предлага мерки за градење на транспарентно министерсво (организирање на настани, јавни настапи, медиумски кампањи и др)
  • координирана меѓуресорска соработка и учествува во работата на меѓуминистерските тела
  • Го координира протоколот и јазичната редакција
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

СКРМ-Меѓународна соработка

1
2
Одделение
Меѓународна соработка
Управување со секојдневното работење на одделението преку организирање, насочување и контрола на активностите

СКРМ-Протоколарно и организационо одделение

1
2
Одделение
Протоколарно и организационо
Протоколарни и организациони задачи кои произлегуваат од потребите на кабинетите на министер, заменик министер и државен секретар како и секторите во министерството
Документација