Со просторното планирање се обезбедува рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните, како и предвидување на мерки за заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита од воени разурнувања, од природни и технолошки непогоди и др.
Просторното планирање претставува континуиран процес кој се реализира преку перманентно изработување и донесување на просторни планови, како и координирање на нивното спроведување, односно нивна имплементација.
Дејноста просторно планирање е дејност од јавен интерес, регулирана со:
- Законот за урбанистичко планирање;
- Законот за спроведување на Просторниот план на Република Македонија и
- Глава X од Законот за животна средина
Спроведувањето на овие закони е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање – Секторот за просторно планирање, кој е организиран во три одделенија:
- Одделение за планови и просторна политика
- Одделение за спроведување на просторни планови
- Одделение за стратешка оценка на влијанието врз животната средина
Обврски на Секторот кои произлегуваат од Закон:
- ја координира постапката за изработката на просторните планови;
- ја спроведува постапката за нивно донесување;
- ја следи нивната имплементацијата (преку изготвување на едногодишни Извештаи за спроведување на Планот);
- издава Услови за планирање на просторот (Решение за Услови за планирање на просторот);
- учествува во подготовка на законски и подзаконски акти;
- дава стручно мислење за усогласеност на плановите од понизок ред со Просторниот план на државата;
- изготвува проценка и двегодишна програма за спроведување на Просторниот план на Република Македонија;
дава мислења од областа на просторното планирање; - ги координира и спроведува политиките за спроведување на постапката за стратешка оцена на влијание врз животната средина;
- прави анализа и проценка на извештаите за стратешка оцена на влијание врз животната средина и издава Мислење по Извештај и Решение за спроведување на стратешка оцена на влијание врз животната средина;
- подготовува документи и предлог законски решенија, потребна стручна помош и стручни мислења од областа на стратешка оцена на влијание врз животната средина.