IV Вода

Резиме
1

1.    Што се случува?
Одржливото користење на вода е меѓу клучните цели на Петтата програма за акција за животна средина. Водниот стрес, т.е. притисок врз квантитетот и квалитетот на водните ресурси е предизвикан од активности во два сектори, земјоделие и индустрија, а исто така и од домаќинствата и туризмот.
Водениот стрес се јавува кога побарувачката за вода ја надминува достапната количина за време на одреден период или кога слабиот квалитет ја ограничува неговата употреба. Постојат две главни закани за подземните и површинските водни ресурси: загадување и прекумерно искористување.
1.1.    Квантитет
Во Република Северна Македонија, употребата на водните ресурси се одликува со променлив тренд во различни сектори како што се наводнување, водоснабдување, индустрија и производство на електрична енергија (особено за потребите на ладење). Најголем потрошувач на водни ресурси останува секторот за наводнување, додека најмала количина на водни ресурси се користи за производство на електрична енергија.
Туризмот, пак, бележи пораст во користењето на водата. Според податоците, во 2002 година, користењето на водни ресурси за туризам било 0,30% од вкупната потрошувачка, додека во 2021 година пораснало на 0,41%. Овој раст е значаен, имајќи предвид дека туризмот во земјата се развива и станува важен сектор за економијата.
Природните езера, како што се Охридското и Дојранското Езеро, се стабилни со водостој над нултата кота, што е позитивно. Сепак, Преспанското Езеро се соочува со континуиран пад на водостојот, што претставува проблем за екосистемот и локалната заедница која зависи од овие водни ресурси. Вештачките езера, со помала водна маса, подлежат на поголеми флуктуации, што ги прави помалку стабилни во однос на нивото на водата.
Индексот на експлоатација на водата во земјата се движи на релативно ниски нивоа, освен во 2004, 2010 и 2012 година кога забележано е зголемување. Сепак, земјата се наоѓа под критичната граница од 20%, што е позитивно, бидејќи прекумерната експлоатација може да доведе до сериозни еколошки и економски предизвици.
Севкупно, важно е да се преземат мерки за зголемување на ефикасноста во употребата на водата, да се развиваат инфраструктурите за пречистување на водите и да се обезбеди заштита на природните водни тела за да се спречат потенцијалните еколошки и економски проблеми во иднина.

Квалитет
Загадувањето на водите потекнува од точкасти и дифузни извори на испуштање како и од аксидентални испуштања. Преголемата експлоатација на резервите на подземните и површинските води може да доведе до сушење на водните живеалишта, влошување на состојбата на екосистемите, низок проток на реките и сл. Загадувањето и прекумерната апсорпција делува негативно по здравјето на луѓето и социо - економскиот развој.
Во индустријата, исто така, се забележува намалување на емисиите на тешки метали, нитрати и БПК5 во отпадните води, што е чекор напред во намалувањето на загадувањето. Сепак, постои потреба од континуирано следење и подобрување на овие процеси за да се гарантира одржливоста на водните ресурси.
Во однос на пречистителните станици, се забележува намалување на загадувачите, како што се ХПК и БПК5, но главниот град сè уште нема комплетен систем за третман на отпадни води. Потребно е да се изградат и модернизираат системи за третман на отпадни води во поголемите агломерации, за да се спречи загадување на водните ресурси и да се зачува животната средина.
Во нашата држава се забележува променлив тренд на концетрациите на супстанциите кои конзумираат кислород и на концентраците на нутриентите укажувајќи на тоа дека има појава на умерена еутрофикација на нашите води како и недоволен процент на прочистување на урбани отпадни води кој не ги задоволува европските барања.
Пристапот до безбедна вода за пиење во Република Северна Македонија изнесува 95% (период од 2001 до 2021 година) со назнака дека од тоа во градовите населението има пристап до безбедна вода за пиење во 100%, а во руралните населби 74,83%  од населението пие здравствено-исправна вода за пиење, додека остатокот е изложен на повремен ризик од бактериолошко загадување на водата за пиење.
Квалитетот на водите за капење е на задоволително ниво, но сеуште не е направена идентификација (определување) на водните тела за капење и мониторинг согласно барањата на новата Европска директива за капење.
 

2.    Зошто се случува?
Подобро управување со водните ресурси би се постигнало со усогласеност на националанта легислатива со европската и со донесување и спроведување на планови за управување со речни сливови. Големо влијание врз квантитетот на водните ресурси имаат и метеоролошките услови во текот на годинта. До влошување на квалитетот на водите доведува неконтролираната употреба на вештачки ѓубрива, недоволното прочистување на урбаните отпадни води како и недоволното следење на испустите од индустријата во водните ресурси.

3.    Дали имаме национална цел?
Намалување и спречување на загадувањето на водите, а со тоа и постигнување на добра состојба или потенцијал на површинските води и квантитативна и хемиска состојба на подземните води. За таа цел Министерството презема низа активности поврзани со усогласување на националното законодавство со европското законодавство. Генерално може да се кажи дека има вкупно 48 % транспозиција во делот за води. Транспозицијата на поедините директиви е како што следи: 

•    88 % на Европската рамковната директива за води, 
•    100 % транспозиција на Директивата за третман на отпадни води, 
•    97 % на директивата на води за пиење, 
•    44 % Нитратна директива, Директива за подземни води, 
•    11% Директива за води за капење, 
•    20% Директива за стандарди за квалитет на води, 
•    4% QA/QC Директива. 
•    16% Директива за поплави
 

Во рамките на претходните и тековните проекти кои се одвиваат во Сектор води се изработија план за управување на речен слив на река Струмица, како и Планови за управување со речен слив на река Брегалница (подслив на Вардар) и Планови за управување со подрачјето на речен слив на Преспанско Езеро (под слив на Црн Дрим). За сливот на река Вардар изработена е првична карактеризација на сливот на река Вардар, и тековно се спроведуваат активности за изработка на Планот за управување на речениот слив. Планот за управуање на речниот слив Црн Дрим се спроведува во рамките на ГЕФ проект и се развива интегриран пристап за управување на прекуграничните води. Треба да се спомне дека плановите се изработени водејќи се од принципите и одредбите пропишани во европската рамковна директива за води.

4.    Дали националната цел е постигната?
Не е постигната, но со спроведување на планираните активности би требало да се постигне.

5.    Клучни пораки за темата
Правилно и контролирано управување на водните ресурси е клучно во насоките на обезбедување на добра состојба (еколошка и хемиска) и/или потенцијал на површинските води и квантитативна и хемиска состојба на подземните води, пристап до безбедна вода за пиење, безбедни води за капење и користење на води која би ги задоволила потребите на домаќинствата, индустријата земјоделието енергијата и др.

6.    Климатски промени и предвидувања
Република Северна Македонија не е богата со водни ресурси. Проценето е дека располага со 6.342.000.000м3  вода или со по околу 3.000 м3 по човек. 72% од водните ресурси се наоѓаат сливот на Вардар, 26% се во сливот на Црн Дрим и 2% во сливот на река Струмица.
Влијанието на климатските промени врз квантитетот водите е големо како во светот така и во нашата земја. Очекувањата се дека просечната количина на врнежи ќе се намали за 8% до 2075 година и 13% до 2100 година. Намалувањето на достапните површински води на реката Вардар се проценува за 7,6% до 2025 година и за 18,2%  до 2100 година. Постојано ќе се намалува и полнењето на подземните води во сливот на река Вардар и до 2100  година ќе биде 57,6% од сегашното ниво. Генералната достапност на водата во Република Северна Македонија се очекува да се намали за 18% во 2100 година.
Најголеми импликации од намалувањата на достапноста на водните ресури се очекуваат во земјоделскиот и енергетскиот сектор.
Земјоделското земјиште покрива околу 51% од теритотијата на Република Северна Македонија при што 22% се обработиво земјиште и 29% пасишта.
Имајќи ја впредвид големината на популацијата која својте приходи ги обезбедува од земјоделие може слободно да се каже дека достапноста на водните ресурси е од големо значение за економијата на земјата и економската добробит на населението. Намалената достапност на водните ресурси ќе ги загрози квантитетот и квалитетот на произведените земјоделски продукти. Земјоделците ќе се соочуваат со поголеми предизвици за да ги обезбедат својте приходи што неминовно би довело и до раст на цената на прехрамбените продукти. 
Намалувањето на достапните водни ресури ќе има значителен негативн ефекти не само на земјоделието туку и на останатите економски сектори. Република Северна Македонија има 7 големи хидроцентрали со инсталиран капацитет од 528MW  кој заедно со малите хидроцентрали генерираат од 18% до 35% од производството на електричната енергија. Полнењето на акумулациите е од големо значение за производството на електрична енергија за нашата земја. Намалувањата на достапноста на водните ресурси ќе има значителено негативно влијание  врз производството на електрична енергија и ќе ја зголеми зависноста на земјата од увоз на струја што секако ќе доведе до зголемувања на цената на истата.
Последиците на климатските промени, сушните периоди и повисоките просечни температури треба да бидат земени впредвид зголемува ризикот при процесите на планирањето на хидриропотенцилајот.

7.    Кои активности се/треба да се превземат?
Јасна дефинираност и поставеност на надлежностите за управување со водните ресурси, усогласување на националаното законодавство со законодовството на Европската Унија, Согласно Национална стратегија за управување со водите во РСМ и законот за води  да се изготви и донесе важечка Водостопанска основа, да се донесат и усвојат досега изготвените нацрт планови за управување со речните сливови и се изготват планови за управување со речните сливови за останатите делови од истите со цел да се комплетиират плановите и се предвиди динамика на активностите во плановите за управување со речните сливови за целата територија на РСМ и спроведување на плановите за управување со речни сливови, јакнење на системот за издавање на дозволи за користење на води и дозволи за испуштање во водите, јакнење на интерсекторката соработка и јакнење на јавната свест.