Соопштенија

Сите соопштенија од страна на органот, информации до јавност, медиуми и сите општи облигаторни информации
Соопштенија
  • 08.04 2025
    Ве известуваме дека утре, 08.04.2025, вторник, со почеток во 11.00, во Медиа-центарот на Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе оддржи прес конференција по повод објавата на Јавниот конкурс за распределба на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година
  • 03.04 2025
    Министерството за животна средина и просторно планирање, преку проектната канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) е во фаза на имплементација на проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за процена на локации контаминирани со жива“.
  • 02.04 2025
    Јавен повик за изразување интерес за консултантски услуги за Проект „ Подобрување на водната инфраструктурата на општините во Северна Македонија″
  • 28.03 2025
    Врз основа на член 47 став (7) од Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 216/2021), Министерството за животна средина и просторно планирање распишува ЈАВЕН ОГЛАС за избор на  2 (двајца) членови и заменици-членови во  Комисијата за полагање на стручен испит за управител/виш управител со отпад
  • 06.03 2025
    Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Конкурс за доделување на квоти за увоз на флуорирани јаглеводороди (HFC) во 2025 година на кој можат да се јават правните лица кои се појавиле како увозници на флуорирани јаглеводороди (HFC) во периодот 2020-2023 година - стари увозници. 
  • 04.03 2025
    Врз основа на Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската Банка за обнова и РазвојМинистерот за животна средина и просторно планирање донесе Јавен повик за изразување интерес за консултантски услуги за Проект ″Регионален проект за цврст отпад″
  • 03.03 2025
    Се известува заинтересираната јавност дека Министерството за животна средина и просторно планирање подготви прва нацрт верзија на Националната стратегија за управување со тиња 2024-2034 (НСУТ) што претставува национална политика за управување со тињата што се добива како резултат на преработка на урбаните отпадни води. НСУТ 2024-2034 е подготвена врз основа на законските барања од Законот за управување со отпад. ОВОЈ ПРОЕКТ Е ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА (NEAR/SKP/2021/EA-RP/0184)
  • 26.02 2025
    Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека количината за увоз на супстанции од Прилогот на горенаведената наредба ќе биде ограничен на 8524 кг за 2025 година.
  • 25.02 2025
    Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија најосторо ги отфрла и демантира шпекулациите и лажните наводи изнесени од страна на политичките партии СДСМ и ДУИ во последните неколку денови.