XV Туризам

Резиме
1

1. Што се случува?

Република Северна Македонија е земја со исклучително голем туристички потенцијал благодарение на своите природни убавини и прекраснатаживотна средина. Покрај позитивните аспекти од туризмот, исто така, развојот на туризмот носи и неоспорни оптоварувања на животната средина – зголемена емисија во воздухот и водата, поголеми количини на отпад, зголемена бучава и сообраќај, потреба од изградба на подобра инфраструктура,па дури и визуелно нарушување на пределот како целина, предизвикано од изградба на туристички објекти.

Затоа, неопходно е туризмот да се развива врз темелите на долгорочен одржлив развој, систематски и координирани планови за развој на останатите сектори во координација со туризмот, земајќи ги предвид сите потенцијални позитивни и негативни последици врз животната средина и останатите сектори.

Гледано од економски аспект, треба да се нагласи дека туризмот има многу мал удел врз економскиот развој на Република Северна Македонија. Учеството на туризмот во бруто – домашниот производ има променлив тренд иво 2019изнесува 1,6%.

Каква е состојбата на интензитетот на туризмот?

Бројот на ноќевања/туристи по глава на жител дава проценка на притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем (водоснабдување, комунални услуги и сл.), и ни покажува колкав е интензитетот на туризмот во земјата.

Бројот на ноќевања и туристи постојано се зголемува по глава на жител, на ниво на држава. Бројот на ноќевања по глава на жител од 2002 до 2021 бележи пораст од 38%, исто така, и бројот на туристи по глава на жител, го следи овој тренд и има пораст од 75%. Во 2021 година се забележува закрепенување на туризмот, но нивоата не се сеуште како пред пандемијата, и во однос на 2019 имаме негативен биланс од 19,8% во поглед на бројот на ноќевања по глава на жител.

Разгледувано според регионалната дистрибуција во 2021 година бројот на ноќевања по глава на жител е најголем во Југозападниот регион, 6,9 ноќевања по глава на жител, по што следува Југоисточниот регион, 3,1 ноќевања по глава на жител, што ни укажува дека регионите со езерско крајбрежје имаат најголем интензитет на туризмот. Во истата година, Вардарскиот и Североисточниот регион имаат најмал интензитет на туризмот и тој изнесува 0,2 и 0,1 ноќевање по глава на жител соодветно. Овие региони имаат најмал интензитет разгледувано и според бројот на туристи по глава на жител.

Сезонската карактеристика е специфика на туризмот во Северна Македонија, како и во повеќето земји од регионот, интензитетот на туризмот се одвива со нееднаква постојаност во текот на целата година. Поголемиот број од туристите патуваат во одредена сезона лето или зима во зависност од дестинацијата. Имено, се забележуваат пикови најчесто во месеците јули и август, каде бројот на туристи и ноќевања е поголем во однос на останатиот период од годината и за 4-5 пати. Ова е особено изразено во Југозападниот, Југоисточниот и Пелагонискиот регион, каде што се наоѓаат трите езера, додека спротивно на овие региони, во Полошкиот регион пиковите се забележуваат во јануари и февруари заради зимските скијачки центри.

1.1   Какви се карактеристиките на туристичкиот промет?

Вкупниот број на странски и домашни туристи и бројот на нивните ноќевања во одредено подрачје го карактеризираат туристичкиот промет.

–   Доаѓања на туристи

Во однос на меѓународната туристичка посетеност, вкупниот број на странски туристи во периодот кој се разгледува има развоен карактер, односно тренд на зголемување од 2,5 пати, во 2021, во однос на 1997 година.Во Република Северна Македонија доминантно место заземаат туристите од непосредното опкружување, односно Европа.

Овој развоен тренд во 2020 беше нарушен поради рестрикции за патувања на светско ниво и притоа бројот на странски туристи во 2020 беше скоро идентичен како на нивоата од 1997 година. Како доминантни туристи останаа да бидат земјите од нашето опкружувањеи тоа туристите од Турција (12,2%), Грција (9,5%), Бугарија (7,8%), Србија (7,7%) и Албанија (5,4%), додека од останатите континенти најмногубројни се туристите од Соединетите Американски Држави (3,1%).

Вкупниот број на домашни туристи во разгледуваниот период има падод 14,5% во однос на нивоата од 2000 година. Во 2019 година има најголем број на домашни туристи, а во 2001 година има најмал број на туристи.

–   Ноќевања на туристи

Ноќевањата ја следат посетеноста на странски туристи во Република Северна Македонија. Вкупниот број на ноќевања од странските туристи остварен во 2021 година изнесува 670.460 ноќевања. Од сумираните резултати може да се воочи дека најголем број ноќевања оствариле туристите од Холандија, со најголем удел во просечниот престој на туристите и изнесува 4,64дена.

За жал, кога станува збор за посетеност од домашните туристи, остварените ноќевања не ја следат туристичката посетеност која има минимален пораст. Во 2021 година се остварени вкупно 1.643.083 ноќевања, што во однос на 2000 година претставува тренд на опаѓање од 15.3%.

И во поглед на просечниот престој, резултатите ги одразуваат овие односи, односно просечниот престој на домашните туристи од 4,7 дена во 2000 година, се намалил на 4,02 дена во 2021 година, што претставува пад од 15,3%.Сепак просечниот престој за целокупниот период на домашните туристи изнесува 4,44 дена, сеуште е забележително повисок од просечниот престој на странските туристи кои релативно кратко престојуваат во Република Северна Македонија и должината на просечниот престојизнесува околу 2,31 ден.

–   Регионална дистрибуција

Според регионална дистрибуција најмногу странски туристипристигнале во Скопскиот регион, 3.152.208 туристи, по што следи Југозападниот регион, 2.321.454 туристи, а најмалку во Североисточниот регион 79.615 туристи. Во однос на остварените ноќевања, туристите во Југозападниот регион оствариле најголем број ноќевања, по што следува Скопскиот регион.

Гледано по статистички региони најголем број и ноќевања на домашни туристи има во Југозападниот регион, а најмал во Североисточниот регион, што значи дека остварените ноќевања ја следат туристичката посетеност.

–   Видови места

Кога се разгледува туристичкиот промет според видови места, се забележува дека најмногу посетено од странските туристи е Скопјесо удел во вкупниот број на странски туристи од 41,5%. Езерските туристички места се најмногу посетени од домашните туристи со удел од 75,5%. Исто така, во овие места се остварени и најголем број на ноќевања од сите туристи, странски и домашни.

1.2   Какви се карактеристиките на сместувачките капацитети во туризмот?

Вкупниот број на капацитети за сместување – објекти во периодот од 2000 до 2021 година има тенденција на пораст од 55,1%. Бројот на соби има пораст од 10,7%, а бројот на легла има пораст од 4,3%, што се должи на подобрување на стандардот во објектите за сместување.

Во однос на структурата на капацитетите за сместување важно е да се акцентира дека зголемувањата се присутни кај објектите од хотелски карактер, а намалувањата, пред сè, се во областа на бањски и климатски лекувалишта и пансиони. Бројот на хотелските капацитети во 2021 година во однос на 2008 пораснал за 146.7%, бројот на бањски и климатски лекувалишта се намалил за 50,0%, а бројот на пансиони за 100%.

1.3   Кои се притисоците врз животната средина од секторот туризам?

Во Северна Македонија, најголемиот дел од товарот на животната средина од туризмот е просторно и временски определен, т.е. концентриран на крајбрежјето во текот на летната сезона. Квалитетот на туристичката понуда, а со тоа и посакуваната економска добивка, директно зависи од зачувувањето и квалитетот на животната средина. Доколку планирањето и активностите на туристичкиот сектор не се спроведат во согласност со заштитата на животната средина, се јавува деградација на неговите компоненти, кои сепримарен ресурс на туризмот.

Во периодот што се разгледува, интензитетот на туризмот е зголемен неколку пати, што значи дека притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем (водоснабдување, комунални услуги и сл.) се зголемил.

Податоците за количеството на создаден комунален отпад од секторот туризам и користени водни ресурси во туристичкиот секторсè уште не се собираат, истите се проценети и се добиени со пресметка, согласно методологијата на EUROSAT.

Според податоците од процената, количината на отпад од секторот за туризам пораснала во периодот од 2012 до 2021 година за 40%. Во 2021 година врз основа на процената, како и остварените ноќевања на туристите создадени се 3.695,5 тони отпад во секторот туризам, што претставува удел во вкупната количина на создаден комунален отпад со 0,41%.

Разгледувајќи на ниво на статистички региони, може да се забележи дека Југозападниот регион генерира најмногу отпад создаден од туризмот и неговиот удел во вкупната количина на создаден комунален отпад изнесува2,21% во 2021 година.

Уделот во количина на создаден комунален отпад од туризмот во Југозападниот делпросечно опфаќа 64% од вкупното количество на отпад од туризмот, што е последица на најголем број на туристи и ноќевања во Југозападниот регион, односно најголем интензитет на туризмот.

Може да се констатира дека туризмот не е рамномерно распределен на целата територија на државата, со што и притисокот од создаденото количество на отпад некаде е поголемо.

Разгледувајќи го периодот од 2002 до 2021 година, се забележува дека трендот на користената вода во туризмот изразена во милиони m3 на година, има променлив тренд, и се движи помеѓу 0,93 и 5,94 милиони m3 на година. Според процената, уделот на користените водни ресурси во туризмот, во вкупното количество на водни ресурси, во 2021 година, во однос на 2002 година се зголемило за 37,6%, односно потрошувачката на вода во туристичкиот сектор се движи помеѓу 0,27% и 0,51% во вкупното количество на водни ресурси во Република Северна Македонија.

Бидејќи најголем број туристи има во текот на летната туристичка сезона, се очекува дека потрошувачката на вода е во овој период ќе биде зголемена, што значително ја оптоварува инфраструктурата за водоснабдување, особено во деловите од земјата каде што се езерата.

Зошто се случува?

Треба да се напомене дека на светско ниво во 2020 се затворија многу граници и туризмот претрпе сериозни последици како резултат на пандемијата предизвикана од Ковид-19. Затоа резултатите кои до 2019 година следеле еден растечки тренд, во 2020 беа прекинати. Во 2021 се следи делумно закрпенување на туризмот.

Република Северна Македонија се повеќе се промовира како атрактивна туристичка дестинација, поради што имаме зголемен вкупен број на туристи и ноќевања, особено на странски туристи кои влијаат на зголемениот интензитет на туризмот, со што се зголемува и притисокот на животната средина генерално. Атрактивноста произлегува од забележителното културно и природно наследство и претставува основа за појава и пораст на туристичкиот промет,но не сите региони во земјата се еднакво атрактивни за туристите, затоа во некои региони туристичкиот промет е многу поголем во однос на другите.

Исто така, друга причина за нееднаква постојаност на интензитетот на туризмот во текот на целата година, односно сезонска карактеристика на туризмот е тоа што, поголемиот број од туристите патуваат во одредена сезона лето или зима во зависност од дестинацијата.

Ваквата нерамномерност на целата територија на државата, а и сезонската карактеристика на туризмот, е причина за различна потрошувачка на вода, на ниво на региони и на ниво на сезона, односно зголемено количество на отпад од туризмот. Зголемувањето значително ја оптоварува инфраструктурата за водоснабдување, односно притисокот на комуналните претпријатија од создаденото количество на отпад, особено во деловите од земјата каде што се езерата.Овој притисок е директно поврзан и со бројот на сместувачки единици кои може да имаат позитивно и негативно влијание. Позитивните влијанија се сврзани со правилното искористување на просторот за лоцирање на капацитетите, а негативно кога на несоодветен начин се окупира просторот со сместувачки капацитети.

Како и во останатите земји од светот и во Северна Македонија климатските промени влијаат и се закануваат на одредени туристички дестинации кои се зависни од нивната природна средина, заради промена на температурата, суши, поплави и слично.

Сообраќајната инсфраструктура има исто така големо влијание врз туристичкиот интензитет во одредена област. Со постоечката патна инфраструктура скоро сите делови од земјата се лесно достапни. Главните патишта се генерално во добра состојба, додека локалните патишта, посебно до одредени далечни места може да бидат во лоша состојба, што може да биде пречка за посетеност на истите.

Туризмот гледано од економски аспект е позитивна активност, бидејќи преку него се очекува зголемување на остварените приходи од туризмот во земјата, обезбедувајќи економски бенефит на повеќе сектори како што се: угостителство, трговија, занаетчиство, култура итн.

3. Дали имаме национална цел?

Националните цели се пропишани во Националната Стратегија за развој на туризмот 2016-2021, подготвена од Министерството за Економија. Стратегијата ги дефинира следните општи цели кои се поврзани со секторот животна средина:

  • Интеграција на принципите на одржливиот развој и аспектите на животната средина во секторот туризам
  • Определување на подрачја од приоритетно значење за развој на туризмот
  • Поттикнување на размена на најдобра практика меѓу јавните и приватните туристички интереси
  • Заштита на природното богатство и биодиверзитетот во туристичките дестинации
  • Промовирање на органско фармерство, производство на здрава храна и особено, традиционално производство нанекои производи (на пример, сирење, вино), производство на мед, одгледување на билки итн.
  • Промовирање на одредени типови на туризам како што се вински туризам, ловечки туризам, следење на птици итн.
  • Зголемување на бројот на туристи и ноќевања со интеграција на принципите на одржливо управување со комуналниот отпад и користење на водните ресурси од туризмот
  • Унапредување на сместувачките капацитети во туризмот

Стратегијата ги дефинира следните конкретни цели кои се однесуваат на бројот на ноќевања на туристите:

Реалистично сценарио Вкупно туристи Странскитуристи Домашни туристи
Вкупен број на ноќевања во 2021 3.100.000 1.600.000 1.500.000
Вкупен број на ноќевања во 2030 5.200.000 3.400.000 1.800.000
Севкупна годишна стапка на раст (СГСР) 5,3% 8,2% 1,9%

 

Оптимистично сценарио Вкупно туристи Странскитуристи Домашни туристи
Вкупен број на ноќевања во 2021 3.400.000 1.800.000 1.600.000
Вкупен број на ноќевања во 2030 6.100.000 4.100.000 2.000.000
Севкупна годишна стапка на раст (СГСР) 6,4% 9,6% 2,6%

 

Песимистичко сценарио Вкупно туристи Странскитуристи Домашни туристи
Вкупен број на ноќевања во 2021 2.700.000
  1. 400.000
  2. 400.000
 
Вкупен број на ноќевања во 2030 3.200.000 1.800.000 2.000.000
Севкупна годишна стапка на раст (СГСР) 2,0% 3,8% 0,2%

 

4. Дали националната цел е постигната?

Во однос на општите цели, се спроведуваат различни активности за истите да бидат подобрени или остварени, односно во Националната стратегија даден е акцент и дефинирани се некои од целите кои треба да бидат остварени до 2021 година.

Остварена е целта на реалистичното сценарио од 3.100.000 ноќевања уште во 2018 година кога бројот изнесувал 3.176.808. Трендот продолжил и во 2019 година, но во 2020 таа бројка е намалена на ниво под песимистичкото сценарио и тој тренд е продолжен и во 2021, иако бројот на ноќевања на туристите се зголемил.

Севкупната годишна стапка на раст (СГСР) за вкупниот број на ноќевања на туристите, е многу променлива и се движи помеѓу -48% и 36,3% во зависност од годината, во 2021 година СГСР за изнесува 36,3%, што значи дека 3 е остварена целта од 6,4% севкупна годишна стапка на раст, од оптимистичното сценарио. За жал, целата за остварен вкупен број на ноќевања во 2021 година не е постигната во ниту едно сценарио.

Вкупниот број на ноќевања на странските туристи во 2021 година изнесува 670.460 туристи, што значи дека е далеку до остварување на целта која требала да се постигне во 2021, според реалното сценарио од 1.600.000 ноќевања како и според песимистичкото сценарио од 1.400.000 ноќевања. Сето ова е резултат на рестрикциите за патување од пандемијата на светско ниво.

Севкупната годишна стапка на раст (СГСР) за број на ноќевања на странските туристи, е многу променлива и се движи помеѓу 165% и -84% во зависност од годината. Заради состојбата предизвикана од пандемијата, во 2020 година стапката е негативна и изнесува -83,9%, а во 2021 година јасно се гледа закрепнување на туризмот и скок од 165%. Со ова се остварува целта и на оптимистичното сценарио кое е зацртано на 9,6%, но треба да се напомене дека во однос на бројот на ноќевања изразени во вкупна бројка целта не е постигната.

Вкупниот број на ноќевања на домашните туристи во 2021 година изнесува 1.643.083 туристи, што значи дека е остварена целта која требала да се постигне во 2021, според реалното и оптимистичното сценарио.

Севкупната годишна стапка на раст (СГСР) за број на ноќевања на домашните туристи, е многу променлива и се движи помеѓу -14,2% и 13,8% во зависност од годината. Во 2020 година СГСР за изнесува -14,2% и има огромен пад поради пандемијата. Во 2021 година има раст од 13,7% со што е остварена целта за реалистичното (1,9%) и оптимистичното сценарио (2,6%).

Клучни пораки за темата

  • Учеството на туризмот во бруто – домашниот производ има променлив тренд и во 2019 изнесува 1,6%.
  • Вкупниот број на туристи, бројот на странски туристи и бројот на домашни туристи во периодот од 2002 до 2021 година има развоен карактер. Вкупниот број се зголемил за 1,6 пати, бројот на странски туристи за 2,4 пати а бројот на домашни туристи за 1,3 пати. Во 2020 има пад во развојот на туризмот поради пандемијата и споредбено вкупниот број на туристи е практично вратен на нивоата од 2002. Во 2021 има закрепнување, но сеуште треба да се достигнат нивоата од 2019та.
  • Вкупниот број на ноќевања на туристите, го следи развојниот карактер на бројот на туристи во периодот од 2002 до 2021 година и покрај двете пандемиски години вкупниот број на ноќевања се зголемил за 25%. Бројот на ноќевања на странски туристи од 2002 до 2021се зголемил за 2,4 пати, а бројот на ноќевања на домашни туристи е практично непроменет.
  • Гледано по статистички региони најголем број и ноќевања на туристи има во Југозападниот регион.
  • Во однос на структурата на капацитетите за сместување, зголемувањата се присутни кај објектите од хотелски карактер, а намалувањата, пред сè, се во областа на бањски и климатски лекувалишта и пансиони, со што се подобрува квалитетот на капацитетите за сместување.
  • Најголемиот дел од товарот на животната средина од туризмот е просторно и временски определен, т.е. концентриран на крајбрежјето во текот на летната сезона. Според проценетите податоци, отпадот што се создава во секторот туризам, претставува удел од 0,41%, во вкупната количина на создаден комунален отпад, односно користените водни ресурси од туризмот, претставуваат удел од 0,41% во вкупното количество на водни ресурси во Република Северна Македонија.

 

5. Кои активности се/треба да се преземат?

Согласно Националната Стратегија за развој на туризмот 2016-2021, подготвена од Министерството за Економија, осум клучни стратегии се дефинирани за поддржување на професионалниот туристички развој на Северна Македонија и тоа:

  1. Подигање на свеста за Северна Република Македонија како привлечна туристичка дестинација.
  2. Подобрување на привлечноста на Северна Македонија како туристичка дестинација.
  3. Подобрување на организациските структури во туризмот
  4. Подобрување на инвестициската клима за македонските претприемачи во однос на развојот на дополнителни капацитети за сместување
  5. Подобрување на квалитетот и квантитетот на достапни податоци за туризмот
  6. Подобрување на рамковните услови за развој на туризмот
  7. Подобрување на знаењето и квалитетот на услугите и
  8. Подобрување на свесноста за туризам кај локалното население.

Овие клучни стратегии содржат повеќе активности кои треба да се преземат, како на пример:

  • развој и промоција на национални туристички рути
  • реорганизирање на организациските структури за туризам на национално ниво
  • спроведување на процес за класификација на хотели и да се стимулира развој на дополнителни туристички ознаки
  • подобрување на општата инфраструктура и координација на активностите поврзани со туризмот и други активности.

Бидејќи развојот на туризмот носи и неоспорни оптоварувања на животната средина – зголемена емисија на загадувачки супстанци во воздухот и водата, поголеми количини на отпад, зголемена бучава и сообраќај, потреба од изградба на нова инфраструктура, промена на пределот предизвикана од изградба на објекти за туризмот, потребно е планирањето и активностите на туристичкиот сектор да се спроведат во согласност со заштитата на животната средина. Затоа, неопходно е темелно да се развива туризмот врз потребите на долгорочен одржлив развој, систематски и координирани планови за развој и туризам, кој ќе ги земе во предвид сите потенцијални негативни последици од туризмот врз животната средина.