Државен секретар
Државен секретар во министерство за животна средина и просторно планирање
Телефон
Е-пошта
Опис на работната позиција
Управување со функционирањето на министерството и органите во состав и спроведување на належностите во функција на унапредување и инкорпорирање на
меѓународните стандарди во областите од надлежност: заштитата на животната средина преку јакнење на капацитетите и системска меѓуресорска и меѓусекторска координација, менаџирање со човечките ресусри во Министерството.
Државен секретар - надлежности
- Ја планира, организира и координира работата на министерството и раководните административни службеници,
- Спроведува надзор и дава насоки и упатства за работа, го следи и контролира индивидуалното и организациско работење и ги оценува раководните административни службеници;
- Предлага концепти и решенија за внатрешната структура, за надминување на проблеми од кадровска, техничка или финансиска природа во областите од надлежност на министерството согласно насоките, упатствата, одлуките и заклучоците од министерот;
- Ја следи реализацијата на Годишната програма за работа на Владата на РМ во областите од надлежност на министерството; ја следи утврдената временска рамка и дава насоки и мислења при подготовката на материјалите, предмет за работа на Владата на РМ и владините тела и комисии;
- Присуствува на Генералниот Колегиум на Генерални/државни секретари;
- Ја следи реализацијата на донесените заклучоци и ставови и предлага концепти за нивно навремено, ефикасно и ефективно спроведување;
- Презентира политики, програми, проекти и стратешки документи од областите кои се во надлежност на министерството;
- Дава мислење и насоки при подготовка на материјали, информации и мислења за прашањата од надлежност на министерството за седници на Владата на РМ, тела и комисии;
- Укажува за приоритетот на материјалите во дневниот ред на седниците на Владата и учествува во работата на работните тела на Владата на РМ и Собранието на РМ кога за тоа е овластен од министерот;
- Ги координира работните групи на министерството за изработка програми, проекти и стартешки документи;
- Остварува комуникација и соработка меѓународни организации со Генералниот секретар на Владата на РМ;
Ресми Ејупи е роден 28/03/1984. По националност е Албанец.
Образование
Магистер по Патно сообраќајно инженерство и транспорт, Технички факултет - Битола
Обуки и усовршување
Scientific Challanges for sustainable Development 23
International congress on natural, health scinces and technology
Информатички технологии
Има посетувано додатни обуки од информатички технологии
Мајчин јазик
Албански
Останати јазици
Англиски
Работно искуство
01/09/2021 – Тековно - Асистент, Државен Универзитет во Тетово
05/2023 - 27/09/2024 Раководител на Одделение за евиденција и контрола на остварени права од боречка и инвалидска заштита, Сектор за боречка и инвалидска заштита во Управата за прашања на борците и воените инвалиди
20/10/2020 – 23/05/2023 - Државен Секретар, Министерство за труд и социјална политика
17/01/2009 – 20/10/2020 - Раководител на оделени на испекциски надзор, Општина Гостивар
15/05/2015 – 10/10/2020 - Проектант во проектантско биро ТЕС Проект, Гостивар
Проценител на штети од сообраќајни незгоди- Осигурителна компанија Винер
Публикации
Road Ecology Research in North Macedonia Impact of roads and mitigation measures