Најголем дел од водите се домицилни, формирани на територијата преку врнежи. Република Македонија не е богата со површински води и тие главно зависат од појавата, времетраењето и интензитетот на врнежите.
Како резултат на морфолошката, хидрогеолошката и хидро-географската структура на релјефот, површинските теченија брзо втекуваат во хидрографската мрежа (реките, потоците и езерата) и водата истекува надвор од земјата. Единствени исклучоци се карстните области, каде што водата се задржува подолго време под површината и ги прихранува протечните води од речната мрежа.
Во рамки на RIMSYS програмата се дефинирани 20 мерни места на реките и параметрите кои се следат.
Континуирано се следат органо лептичките, минерализационите, кислородните и показaтелитенакиселост, еутрофикационитедетерминанти, органскимикрополутанти, штетни и опaсниматерии, биолошкиелементи(Состав и изобилство на акватична флора и Состав и изобилство на бентосна инвертебратна фауна) на следните мерни места:
Станица | Река |
Света Богородица | Треска |
Граница, Влив Лепенец | Лепенец |
Радуша, Таор, Ногаевци, Демир Капија, Гевгелија, Башино Село | Вардар |
Пелинце, Катлановска Бања | Пчиња |
Трновец | Крива Река |
Балван | Брегалница |
Брод | Елешка |
Скочивир, Возарци | Црна Река |
Ново Село | Струмица |
ХЕ Шпиљје | Црн Дрим |
Бошков Мост | Радика |
Податоците од мониторингот на квалитет на водотеците може да ги најдете на следниве линкови:
Квалитет на водотеците од здравствено – еколошки аспект
Согласно Законот за води органите надлежни за здравствената заштита се должни за вршење на мониторинг на водите наменети за консумирање од страна на човекот и водите за капење и за преземање мерки за активна заштита на населението против заразни и други болести со висока социјална и здравствена релевантност. Овие заводи вршат микробиолошки, паразитолошки, хигиенски, токсиколошки и биохемиски анализи од делокругот на нивната дејност.
Хидролошка состојба на реките и природните езера
Хидролошката состојба на реките и езерата се следи од страна на Управата за хидрометеоролошки работи на дефинираните мерни места преку следење напроток на реки и водостој на природните езера. Податоците од мониторингот на хидролошките параметри може да ги најдете на следниве линкови:
Физичко-хемиски истражувања на Охридско Езеро
Податоците за квалитативната состојба на Охридското Езеро се добиваат од Хидробиолошкиот завод од Охрид. Мерните места се дефинирани врз основа на заклучоците од истражувањата во претходните години. Според Програмата за мониторинг на водите од Охридско – Преспанскиот регион, се врши мерење на пелагијатот на Охридското Езеро.
Во Охридското сливно подрачје, во овој истражувачки период беше опфатен пелагијалот со едно мерно место на вертикален столб со десет длабочини (0, 10, 20, 30, 40, 50, 75, 100, 150, 240).
Хидробиолошкиот завод од Охрид, во водите од Охридското Езеро, континуирано ги следеше следните параметри:
- Температура, проѕирност, реакција на водата (рН), вкупна алкалност, слободен СО2, кислород (растворен и заситеност), биохемиска потрошувачка на кислород, растворени биоразградливи органски материи преку перманганатна потрошувачка, азотни соединенија (амонијак, вкупен органски азот по Kjeldahl, нитрити и нитрати) и вкупен фосфор.
Вода - Регулатива
Законот за водите е рамковен закон кој ги регулира основните принципи и начела за управување со водните ресурси. Законот е направен според теркот на западно европските закони, со цел да се воспостави една општа правна рамка за регулирање на областа на управување со водите на интегриран и сеопфатен начин. Притоа управувањето со водите ги опфаќа сите мерки и активности за рационално и ефикасно користење на водите, одржливиот развој на водните ресурси, заштита на водите и заштита од штетно дејство на водите. Потребата од интегриран пристап при подготовката на Рамковниот Закон за води, произлегува од фактот што аспектите на управувањето и аспектите на заштитата се суштински поврзани и истите неможат да се регулираат пооделно без да се води сметка за нивната меѓусебна поврзаност. Така, оваа материја се фокусира врз три области и тоа: користење на водите, заштита на водите и контрола на загадувањето и заштита од штетното дејство на водите. Во него директно се пренесени барањата од следните директиви на ЕУ од областа на управувањето со водните ресурси:
- Рамковната директива за води,
- Директивата за квалитет на водата наменета за консумирање од страна на човекот,
- Директивата за квалитет на водата за капење,
- Директивата за третман на комунални отпадни води,
- Директивата за искористување на милот добиен со пречистување на отпадни води, и
- Директивата за заштита на водите од загадување предизвикано од нитрати од земјоделски извори.
Основните цели на законот се: да се обезбедат доволни количества квалитетна вода; да се обезбеди заштита, зачувување и континуирано подобрување на режимот на водите, да се подобри состојбата на водните екосистеми и екосистемите зависни од вода и да се заштити и унапреди водната средина преку рационално користење на водите, прогресивно намалување на штетните испуштања и постепено елиминирање на емисиите на опасни супстанции, како и ублажување на последиците од штетното дејство на водите и од недостигот на вода. Сепак содржината на законот со тоа не е целосно опфатена. Иако директивите на ЕУ од областа на управувањето со водните ресурси не содржат специфични барања, заради интегрираниот пристап при регулирањето на оваа област, потребно е во законската рамка интегрирање на ефективни одредби со кои ќе се регулира правото на физичките и правните лица да користат води, да испуштаат отпадни води односно испуштаат и фрлаат на материи и супстанции во површински и подземни води, како и да вадат песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површински водни тела. Флексибилноста на Европското законодавство дозволува ова прашање да се регулира со почитување на уставно- правната рамка и законодавната пракса на државите.
Програмата за управување со водите за 2019 година
Врз основа на член 218 став (1) од Законот за водите (Службен весник на Република Македонија бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, 180/14, 146/15 и 52/16) Владата на Република Македонија на седницата одржана на 8.1.2019 година донесе ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА.
Вода - Упатства
Вода - Обрасци
Вода - Решенија
Потребна документација за издавање на согласности, решенија и мислења
Вода - Регистри
Вода - Дозволи
- Барање за издавање на Дозвола за зафаќање и користење на вода од подземно водно тело за технолошки потреби
- Барање за издавање на Дозвола за испуштање на отпадни води од населено место Гермијан - Општина Новаци
- Барање за продолжување на дозвола за користење на вода од акумулација “Тиквешко езеро“ за одгледување на риби
- Барање за издавање на Дозвола за користење на површински води од река Вардар за потребите на ЖАК – ТРАНС, с.Долни Дисан, општина Неготино
- Барање за издавање на Дозвола за испуштање од Систем за собирање, одведување, прочистување и испуштање на урбани отпадни води од село Корешница во реципиент река Вардар, alb
- Барање за издавање на Дозвола за испуштање од Систем за прочистување и испуштање ( станица за прочистување ) на урбани отпадни води од населено место Бистренци во реципиент река Вардар
- Барање за издавање на Дозвола за зафаќање и користење на вода од извор 1, извор 2 и извор 3 за снабдување со вода за консумирање од страна на човекот на селото Барово, општина Демир Капија со цел подобрување на водоснабдувањето
- Барање за издавање на Дозвола за испуштање на вода од атмосферска канализација во река Писа на КП 1203/30, КО Пехчево општина Пехчево
- Барање за издавање на Дозвола за користење на вода за индустриски, технолошки и стопански потреби од експлоатационен бунар ЕДБ-1 на КП бр. 997 КО Лесковица, општина Штип со УП1-11/5-1892/2023 од 30.08.2023 година
- Барање за издавање на Дозвола за користење на подземна вода за потребите на “Џоле Транс Коп ” Дооел ул. Руен 1Б Штип, со бр.УП1-11/5-580 од 18.03.2024г.
- Барање за издавање на Дозвола за користење на подземна вода за потребите на ДТУ “Кувајт Петрол-Оил” Дооел Студеничани со бр.УП1-11/5-582 од 18.03.2024г.
- Барање за издавање на Дозвола за користење на подземна вода за ТДПУ “Бакалески Промет” Дооел с.Славеј, Кривогаштани со бр.УП1-11/5-177 од 29.01.2024г.
- Барање за издавање на Дозвола за испуштање напречистени урбани отпадни и индустриски води како и атмосферски води од ТИРЗ Скопје 2
- Барање за издавање на дозвола за користење на вода за индистриски, технолошки и стопански потреби од експлоатационен бунар ЕДБ-1 на КП бр. 870/1 КО Амзабегово-Вонград, општина Свети Николе
- Барање за продолжување на Дозволата за зафаќање и користење на вода од извор Студенчица
- Барање за издавање на дозвола за користење на вода за технолошки потреби од експлоатациони дупнатини КБ-1 и КБ-2 лоцирани во кругот на фабриката на КП бр.853 и 856 КО Орешани во с. Орешани, општина Зелениково
- Барање за издавање на Дозвола за користење на вода од канал за наводнување кој се полни со вода од река Студенчица
- Барање за издавање на дозвола за користење на вода од Слупчанска река и изградба на брана и акумулација на река Слупчанска во општина Липково