Главна цел на Управата за животна средина е да воспостави ефикасен и интегриран систем на заштита на животната средина

За вршење на стручните работи од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање е формирана Управата за животна средина.
Управата за животна средина ги врши стручните работи и стручен надзор над заштитените делови и објекти на природата, над изворите за загадување на земјиштето, водите и воздухот, предлага стручно техничко-технолошки решенија за намалување или спречување на загадувањето и деградацијата на животната седина и природата, изготвува стручна документација од доменот на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, врши мерење и следење на состојбите и промените во животната средина и природата.
Управа за животна средина - Цел



Цел
Интегриран систем на заштита
Главна цел на Управата е да воспостави ефикасен и интегриран систем на заштита на животната средина во Република Македонија, систем кој ќе го подобри квалитетот на животната средина и ќе придонесе кон заложбите на Владата за постигнување одржлив развој.