Секторот за соработка со локалната самоуправа и управните и надзорни работи има надлежност за вршење надзор на општините во делот на спроведување на законодавството од областа на животната средина на локално ниво при што од правен аспект укажува за материјалните и процедуралните недостатоци во работите на органите на општините, го следи навременото донесување на прописите кои општините ги ностат согласно законите од областа на животната средина. Предлага Годишен план за вршење на надзор на општините и постапува и по вонредни пријави, известувања и сознанија и организира обуки за вработени во општините.
Во рамките на Секторот функционира Комисија за прекршоци и Комисија за Спогодување кои согласно законите од областа на животната средина водат постапки поведени од инспектори за животна средина и други овластени лица и изрекуваат глоба и други прекршочни санкции.
Ја координира работата за издавање на дозволи за увоз-извоз преку EXIM системот во однос на нивно одобрување, плаќање на надоместок за животна средина и комплетна документација.
Го следи текот на управните постапки кои се водат во министерството и дава помош за правилно водење на постапките, спрема одговори на жалби, тужби и поднесоци за судски постапки.
Секторот за соработка со локалната самоуправа и управните и надзорни работи во својот состав брои две одделенија и тоа:
- Одделение за локална самоуправа и
- Одделение за управни и надзорни работи
Одделенијата ги вршат работите кои се однесуваат на:
- Координација на меѓуопштинска соработка за извршување на надлежности од областа на животната средина
- По барањена ЕЛС, од правен аспект укажува за материјалните и процедуралите недостатоци во работите на органите на општините,
- Следи навремено донесување на прописите кои општините ги носат согласно законите од областа на животната средина и просторното планирање,
- Го следи процесот на реформи во животната средина, како и законитоста на работата и постапувањето на органите на локалната самоуправа
- Предлага Годишен План за вршење на работите на надзор над законитоста на работењето на општините, општините на Град Скопје и Градот Скопје
- Постапува по поднесени барања за поведување на прекршочна постапка
- Постапува по поднесени барања за поведување на постапка за спогодување
- Ги координира работите на донесување на решенија и други акти за кои Министерството решава по барање на граѓани и правни лица
- Решеава и дава помош на останатите сектори во министерството и за други прашања од управна постапка
Тања Пауновска
СЛСУНР - Одделение за соработка со локална самоуправа