Воспоставувањето на регионален систем за управување со отпад е единственото трајно, одржливо и безбедно решение.
08.11.2024
Министерството за животна средина и просторно планирање во однос на протестите на жителите на Кочани ја информира јавноста и засегнатите граѓани дека државата е длабоко навлезена во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион што треба да резултира со трајно, одржливо и безбедно управување со отпад.
Лашкоска: Очекуваме зајакната соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации во намалување на ризиците од катастрофи
07.11.2024
Будва, 7.11.2024г. Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, вчера, на маргините на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи, што се одржува од 6 до 8 ноември во Будва во Црна Гора, оствари билатерална средба со Камал Кишоре, специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации и раководител на Канцеларијата за намалување на ризици на Обединетите Нации.
Меџити: Ги поддржуваме иновациите за еколошки предизвици, на студентите во Кавадарци
04.11.2024
Кавадарци, 04.11.2024 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружуван од директорот на Управата за животна средина Игор Никоски и директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска го посетија СОУ „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадарци
Во пресрет на 29-та Конференција на Страните на Конвенцијата на ООН за климатски промени се презентираа националите позиции
30.10.2024
Скопје, 30.10.20124 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, во пресрет на 29-тата Конференција на страните за климатски промени (COP29) што треба да се одржи на почеток на ноември во Баку, Азербејџан, денес учевствуваше на настан организаиран од УНДП за претставување на ставовите на нашата држава што ќе се презентираат на овој климатски самит.