Лашкоска на 5-тиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка на Обединетите Нации

Новости
Состанок на Заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка на Обединетите Нации со Северна Македонија 2021-2025
Лашкоска на 5-тиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка на Обединетите Нации
28.03.2025

(27.03.2025г) Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на 5-тиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка на Обединетите Нации со Северна Македонија 2021-2025, како клучна платформа за унапредување на соработката и поттикнување напредок кон еколошката одржливост и отпорноста на климата во нашата земја.

„Во текот на изминатите години, Македонија презеде значајни чекори во насока на еколошки одржлив развој, зајакнување на капацитетите за справување со климатските промени, намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на управувањето со отпадот и водните ресурси. Благодарение на поддршката од Обединетите Нации и другите меѓународни партнери, успеавме да ги унапредиме националните политики и регулативи во согласност со европските стандарди“
истакна Лашкоска во своето обраќање.

Таа нагласи дека сепак, пред нас остануваат многу предизвици и дека ни се потребни оинтензивни напори за намалување на емисиите на стакленички гасови, заштита на биодиверзитетот, промовирање на циркуларната економија и поттикнување на зелени иновации.
Според Лашкоска важно е да се зајакне партнерството меѓу Владата, приватниот сектор, граѓанското општество и меѓународните организации за да ги унапредиме еколошките стандарди и да обезбедиме одржлив економски раст.

Галерија
Submitted by alfa4 on 28.03.2025 - 15:31