Првиот заменик премиер Меџити пречека делегација од Меѓународната финансиска корпорација

Новости
14.02.2025

Скопје, 14.02.2025 Првиот заменик претседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити беше домаќин на делегација од Меѓународната финансиска корпорација (IFC) за Северна Македонија предводена од регионалниот директор за земјите од Западен Балкан Николас Маркиер, а присуствуваа и одговорниот за Македонија и Косово, Висар Перани, Милица Средановиќ, одговорна за инвестиции во енергетски сектор за Западен Балкан и Вадим Шербаков, одговорен за инвестиции во енергетски сектор за Северна Македонија.

На работниот состанок од страна на ИФЦ се презентираше моделот за поддршка на приватниот сектор преку јавно приватно партнерство, како потенцијалната долгорочна соработка и можностите за поддршка на економскиот развој на Северна Македонија, особено во имплементација  на зелената агенда како еден од највисоките приоритети на Владата на Република Северна Македонија.

Министерот Меџити ги информираше претставниците на ИФЦ за приоритетите на Владата и превземените активности во таа насока, истакнувајќи го загадувањето на воздухот и управувањето со квалитетот на воздух во урбаните средини како клучен приоритет. Владата на Северна Македонија, рече Меџити, се фокусира на идентификување на причините на загадувањето, а не на последиците. Меџити информираше за досегашната поддршка од страна на ЕУ и Светската Банка во оваа област, но потенцираше дека има простор за остварување на јавно приватно партнерство во некоја наредна фаза. 

Земајки предвид дека главни причини на загадувањето се греењето на домаќинствата и загадување од сообраќај, Владата на Република Северна Македонија  вложува силни напори за исполнување на проектот за гасификацијата, како една од главните решенија, која има за цел граѓаните да користат еколошки начини на затоплување, што ќе придонесе за намалување на загадувањето за 50 – 70 отсто – истакна Меџити.

Submitted by alfa4 on 14.02.2025 - 12:35