Регионалното управување со отпадот ќе овозможи подобра еколошка контрола на активностите за управување со отпад

Новости
Ресми Ејупи, имаше воведно обраќање на отварањето на Партнерската конференција за Одржливи услуги за управување со отпад
Регионалното управување со отпадот ќе овозможи подобра еколошка контрола на активностите за управување со отпад
01.04.2025

Скопје, 01.04.2025 Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ресми Ејупи, имаше воведно обраќање на отварањето на Партнерската конференција за Одржливи услуги за управување со отпад, која се одржува во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“.  

На настанот се промовираа политиките за управување со отпадот, се дискутираше за постратешко користење на достапните средства и се овозможи координација на програмите и финансирањето за да се осигура долгорочна одржливост на системот за управување со отпадот, а истиот послужи како платформа за дискусија помеѓу националните и локалните власти, донаторската заедница и другите чинители во областа на управување со отпадот.

Конференцијата доаѓа во вистинско време, со оглед на фактот дека процесот на воспоставувањето на регионални системи за управување со отпадот е во напредна фаза, а во делот на управување со комуналниот отпад се уште сме соочени со многу предизвици, нерешени комунални проблеми и активности што треба да се спроведат – рече Ејупи во своето обраќање.

Тој нагласи и дека Министерството за животна средина и просторно планирање веќе има наменето неповратни средства од заемот од ЕБОР за Југозападниот и Пелагонискиот регион, во висина на 47 милиони евра. Средствата ќе се користат за набавка на возила и садови за собирање на отпад, изградба на трансфер станици (Дебар, Охрид, Прилеп), затворање на депонијата во Новаци, изградба на централната постројка и техничка помош, а во тек е и постапката за набавка на контејнери, канти и опрема за селектирање и собирање на сметот.

Воспоставувањето на регионално управување со отпадот ќе овозможи подобра еколошка контрола на активностите за управување со отпад преку намалување на депонирањето, односно намалување на количината на отстранет отпад и зголемување на искористувањето и рециклирањето на отпадот, намалување на нелегалното фрлање, справување со нелегалните депонии и сметишта. Меѓу другото, тоа ќе доведе до зголемување на приходите, зголемување на вработеноста во индустријата за отпад, поврзан раст на приходите и раст на бруто домашниот приход (БДП), како и развој на циркуларна економија која ќе овозможи поголемо искористување на ресурсите, а со тоа и економски раст – истакна Ејупи, додавајќи дека останува на локалните самоуправи да продолжат со започнатиот процес кој е единствено одржливо, економски исплатливо и трајно решение за справување со огромните количини бесправно расфрлан отпад.

На настанот свои обраќањa имаа и амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Н.Е. Ами Ларсон Џаин, шефот на Европската делегација, Стефан Худолин и заменик-министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими.

Конференција е организирана од страна на САЛАР Интернационал, како дел од иницијативата финансирана од Шведска за поддршка на напорите за воспоставување регионален систем за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Галерија
Submitted by alfa4 on 01.04.2025 - 15:01