
Ве известуваме дека утре, 20.02.2025, четврток, со почеток во 09:30, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити ќе учествува и ќе има обраќање на завршниот настан на проектот: „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“.
На настанот кој се реализира во организација на Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ, ќе се обратат и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, Даме Димитровски од Кабинетот на претседателот на Владата, одговорен за Зелениот климатски фонд и проект менаџерот во Канцеларијата на ГИЗ во Скопје, Марк Барет.
Датум: 20 февруари 2025 година, во 09.30 часот, Локација: Холидеј Ин
Покануваме новинари, сниматели и фотографи да присуствуваат на овој настан.