Учениците од ООУ Исмаил Кемали во Чаир учат како да станат еко херои

Новости
Eколошка едукативна  работилница наменета за најмладите ученици во рамки на мултимедијалната национална кампања „Позитивна промена“
Учениците од ООУ Исмаил Кемали во Чаир учат како да станат еко херои
19.02.2025

Скопје, 19.02.2025г. Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ресми Ејупи го посети ООУ Исмаил Кемали во Чаир, каде денес под мотото „Јас сум новиот еко-херој“ се одржа еколошката едукативна  работилница наменета за најмладите ученици во рамки на мултимедијалната национална кампања „Позитивна промена“.

На работилницата, на учениците им беа поделени пакетчиња со игри, боенки, лепенки и други едукативни алатки што ќе им помогнат на креативен начин да учат за важноста и начините на селекција на отпадот. Интерактивното учење беше поткрепено со кратко видео во кое учениците се запознаа со начините за правилно селектирање и одлагање на отпадот.

Најмладите покажаа голем интерес за содржините понудени во едукативните пакетчиња, а од интеракцијата со децата стана јасно и дека, благодарение на промовирањето на еколошки активности и воведувањето на еко-содржини во наставната програма, веќе расте свеста кај најмладите за селектирањето на отпадот и заштитата на животната средина, воопшто.

На влезот во училиштето беше трајно поставена табла со мотото „Јас сум новиот еко-херој“, со која учениците и посетителите ќе се мотивираат за развивање на позитивни навики и ќе се потсетуваат дека секој од нас има важен удел во заштитата и обезбедувањето на чиста и здрава животна средина. 

Галерија
Submitted by alfa4 on 19.02.2025 - 13:44