Заменик министеката за животна срeдина и посторно планирање Ане Лашкоска заедно со дел од стручниот тим на Министерството одржа состанок Јана Репаншек, директорка на ЦЕФ (Center for Excellence in Finance), Вехид Фетиќ, координатор на компонентата за координација на политики на ЦЕФ, како и нивните соработници во Македонија.
Скопје, 13.11.2024 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес на работен состанок прими делегација од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги, УНОПС, предводена од регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Лардднер.
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска оствари работна средба со Џовани Тимилеро и Томас Таманини претставници на Италијанска агенција за развојна соработка со седиште во Тирана.
Со почетокот на грејната сезона и промента на временските услови се создаваат услови за зголемување на загадувачките честички на воздухот што влијаат врз здравјето на луѓето. Министерството за животна средина и просторно планирање работи во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето
Министерството за животна средина и просторно планирање во однос на протестите на жителите на Кочани ја информира јавноста и засегнатите граѓани дека државата е длабоко навлезена во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион што треба да резултира со трајно, одржливо и безбедно управување со отпад.
Ве известуваме дека утре, вторник 29 Октомври 2024 година со почеток во 13.00 часот во Арена Борис Трајковски во Скопје, првиот Заменик претседател на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање г-дин Изет Меџити ќе учевствува и ќе имаме обраќање на свеченото отварање на Саемот Енерго-Технома 2024.