Активности
17.05.2019
Во периодот од 13-16.05.2019 година во Копенхаген, Данска, се одржа состанок на Работната група на експертите за бучава во животната средина во организација на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).
На состанокот на Работната група за за бучава во животната средина учествуваше Катерина Николовска, која е активно е вклучена во работата на оваа група.
- На состанокот работната група детално ги разгледа одредбите од Директивата за бучава во животната средина, кои се однесуваат на процесот за известување
- Од страна на Светската здравствена организација беше презентирано новото упатство за бучава во животната средина
- Претставникот од Директоратот за животна средина на Европската унија, ги презентираше измените на Директивата за бучава во животната средина и обврските на земјите во однос на подготовка на стратешки карти и акциони планови за бучава
- На состанокот работната група детално ги разгледа одредбите од Директивата за бучава во животната средина кои се однесуваат на тивките зони во и вон агломерација
- Се дискутираше за системот за подобрување на процесот за известување и се договори да се формира помала работна група која ќе ги разгледа сите отворени прашања и истите ќе треба да се усогласат на следниот состанок на работната група и да се достават на одонбрување на Европската комисија.