Соопштенија
Дефинирање на предлог граници и зони за формирање на заштитено подрачје Осоговски Планини

24.12.2018
Ве информираме дека утре, на 24 декември 2018 г. (понеделник),
Заменик министерот за животна средина просторно планирање ЈаниМакрадули ќе се обрати на работилницата за дефинирање на предлог граници и зони за формирање на заштитено подрачје Осоговски Планини.
Целта на работилницата е разгледување на предлогот за заштитено подрачје Осоговски Планини заедно со сите клучни засегнати страни и дефинирање на следни чекори.
Работилницата ќе се одржи во хотел „Холидеј Ин“ со почеток во 11:00 часот.
Ве молиме со ваши екипи да присуствувати на настанот.