Учество на практична обука за изработка на Интегриран извештај и проценки за состојбата на животната средина

Активности
17.09.2019
Kopenhagen_sostanok_13-16.05.2019Во периодот од 26-31.08.2019 година во Копенхаген, Данска, се одржа практична обука за изработка на Интегриран извештај и проценки за состојбата на животната средина во организација на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). На практична обука учествуваше Катерина Николовска, во својство на Национален референтен центар – експерт за изработка на извештаи за состојбата на животната средина. На обуката имаше презентации од страна на повеќе експерти од Европската агенција за животна средина и професори на факултетот. Презентациите се однесуваа на:
  • Принципите, концептот, начинот на оценување и клучните карактеристики на интегрираните извештаи за животна средина
  • Унапредување на извештајот од интегриран извештај за состојбата на животната средина во интегриран извештај за одржлив развој на животната средина
  • Добри практики на национален интегриран извештај за состојбата на животната средина – Белгија
  • Индикаторите како алатка во процесот на подготовка на интегрирани извештаи и поврзаност со целите за одржлив развој
Во рамки на обуката се работеше во 5 работни групи. Секоја работна група изработи нацрт интегриран извештај за одржлив развој на животната средина, поврзан со една од целите за одржлив развој. Истиот потоа беше презентиран на пленарната седница.  
Submitted by almin on 17.09.2019 - 07:36