Известување за нацрт верзија на Правилник

Соопштенија
Правилник за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото
Правилник за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото
03.06.2019
Согласно член 12 став (3) од Законот за урбано зеленило („Службен весник на РСМ“ бр.11/18)

Согласно член 12 став (3) од Законот за урбано зеленило („Службен весник на РСМ“ бр.11/18) подготвена е нацрт верзија на Правилникoт за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото.

Со Правилникот подетално се пропишува планирањето, проектирањето, подигањето и одржувањето на зеленилото како и формата и содржината на зелениот катастар, Стратегијата за развој на зеленилото, основниот план за планирање на зеленилото, проектирање, подигање, одржување, заштита и реконструкција, годишната оперативна Програма за подигање и одржување на зеленилото и проектно – техничката документација за проектирање и подигање на зеленилото.

Сите ваши забелешки и коментари во однос на текстот на нацрт Правилникот може да ги доставите најдоцна до 17 Јуни 2019 година, на следниот email:infoeko@moepp.gov.mk или писмено во Архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, секој работен ден од 8:30 до 16:30.

 
Submitted by alfa4 on 03.06.2019 - 10:00