Учество на седмиот состанок на Комитетот на усогласување под Протоколот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ)

Активности
17.05.2019
PRTRsostanokВо период од 1-2.04.2019 година во Женева, Швајцарија, се одржа седмиот состанок на Комитетот на усогласување под Протоколот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во организација на UNECE – Секретаријатот за Протоколот на РИПЗ. Состанокот започна со тоа што новите членови беа повикани да потпишат декларација дека совесно и одговорно ќе ги исполнуваат обврските на комитетот, меѓу ново избраните членови беше и претставникот од Министерство за животна средина и просторно планирање, Аземине Шакири - Советник за водење и одржување на Регистри на загадувачи и пренос на загадувачки материи. После тоа следеше избор на претседател и заменик претседател на комитетот. Во согласност со мандатот на Комитетот според став 14 (б) од анексот на одлуката I / 2 на состанокот на страните (ECE/MP.PRTR/2010/2/Add.1) за да ги испита прашањата за усогласеност кои не беа наведени во став 13 од одлуката, Комитетот го разгледуваше прашањето и се согласи на прелиминарна основа дека горенаведеното прашање може да доведе до потенцијална неусогласеност од страна на засегнатите страни и се согласи да продолжи со разгледување со цел да ги комплетира своите нацрт наоди и да даде соодветни препораки. На дневен ред беше и разгледувањето на подготвениот ревидиран нацрт текст на Протоколот, подготвен од страна на секретаријатот врз основа на коментарите добиени од неодамнешните консултации со Бирото, заинтересираните земји и организации при што Комитетот предложи голем број текстуални измени, коментари и препораки.    
Submitted by almin on 17.05.2019 - 13:24