Активности
04.07.2019
Oд 17.06.2019 до 20.06.2019 година во Копенхаген, Данска, се одржa работен состанок на Националните координатори за соработка со ЕЕА како и работен семинар со претставниците на Управниот Одбор на ЕЕА, со цел давање предлог насоки и усогласување на ставовите кон стратешките предизвици на Агенцијата, потребите за модернизирање на EIONET мрежата и можните предизвици со кои би се соочувале земјите во однос на работната агенда и програма на ЕЕА.
На состанокот учествуваше Националниот координатор за соработка со ЕЕА, Светлана Ѓорѓева и Ристо Јордановски, Асистент Координатор за соработна со ЕЕА. На овој состанок, претставниците од Министерство за животна средина и просторно планирање, имаа координативна улога за подготовка на презентација за пленарната седница и работната агенда на состанокот, со цел информирање на NFP претставниците од земјите членки на ЕУ и други претставници од ЕЕА, за напредокот и новостите поврзани со соработката на земјите од Западен Балкан со ЕЕА.
На пленарната седница претставниците од МЖСПП ги информираа претставниците од земјите членки на ЕЕА дека Управниот Одбор донел одлука да се овозможи на еден претставник од Западен Балкан (со ротирачки механизам помеѓу земјите) да има право на учество на редовните состаноци на Управниот Одбор на ЕЕА како набљудувач. Оваа одлука на земјите членки на ЕЕА е од особена важност за земјите од Западен Балкан од аспект на евро-интегративните процеси, бидејќи земјите од регионот, покрај препознавањето на успехот и исполнителноста во процесот на соработка со ЕЕА (како агенција на Европска Комисија), добиваат и можност да ги следат управните процеси на ЕЕА од стратешки аспект, на највисоко институционално ниво.
По завршувањето на работните состаноци, ЕЕА одржа настан на кој се одбележа јубилејот – 25 години Европска агенција за животна средина. МЖСПП и Република Северна Македонија е помеѓу првите земјите соработнички со ЕЕА веќе 22 години. На овој настан беа присутни бројни претставници од Европската Комисија, Генералниот Директорат за животна среидна, бивши Еврокомесари и Директори на ЕЕА, претставниците од земјите членки и соработнички со ЕЕА и други гости. Извршниот Директор на ЕЕА, Др. Ханс Брујнинкс, го презентираше институционалниот раст на ЕЕА, бројните предизвици за животната средина во Европа и мандатот на ЕЕА да ги информира граѓаните за состојбата и перспективата на животната средина во Европа, како и предизвиците и потребите за реформи и раст на ЕЕА со цел адаптација на новите предизвици.