Македонскиот информативен центар за животна средина се основан во април 1998 година и неговата активност се реализира преку четири одделенија:
- Одделение за мониторинг на квалитет на воздухот
- Одделение за аналитика и известување
- Одделение за катастри и моделирање
- Одделение за информатичка технологија
Основна функција на МИЦЖС е собирање, обработка, анализа и презентација на релевантни податоци за медиумите и областите во животната средина. За таа цел, согласно законската регулатива МИЦЖС ги собира сите информации за состојбата со животната средина, од самомониторингот на разни институции и други извори како и од сопствениот мониторинг.
За управување со податоците за состојбата на животната средина воспоставува, развива, води и координира Национален информативен систем за животната средина.
Управува со Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, кој се состои од 21 фиксна и една мобилна мониторинг станица.
Воспоставува база на податоци за евиденција на загадувачите и на изворите на загадување кои испуштаат загадувачки материи и супстанции во животната средина.
Извештаите за состојбата на животната средина и национални индикатори се достапни на јавноста преку WEB страните на МЖСПП, како и преку соодветни информативни материјали: брошури, извештаи и слично.