(24-25.10.2013 год.) Во периодот од 24 до 25 октомври 2013 година во зградата на Европската Агенција за Животна Средина во Копенхаген, Данска, се одржа ЕИОНЕТ работилница за одржлива продукција и консумација со вклучена употреба на ресурси, на која присуствуваа националните контакт лица за одржлива продукција и консумација на земјите членки и земјите соработнички на Европската Агенција за Животна Средина.
Република Македонија како земја соработничка на Европската Агенција за Животна Средина со својот претставник, Националното контакт лице за одржлива продукција и консумација активно учествуваше на погоре наведената работилница.
Работилницата во голема мера беше посветена на размената на знаења и искуства за приближување кон зелена економија која предвидува ефикасно користење на ресурсите, каде природните богатства се заштитени и каде здравјето и благосостојбата на граѓаните е доброчувана.
Се разменија искуства во врска со најновите сознанија и нивната имплементација во сферата на одржливата продукција и консумација на национално ниво, Европско и глобално ниво. Се промовира преглед на политичката рамка за одржлива продукција и консумација. Се разгледуваа влијанијата на консумацијата и животната средина во Европа и надвор од неа, со особен акцент на одржлив бизнис модели во сферата на продукцијата, понатаму животниот стил и консумацијата итн. Се дискутираше за начините како одржливата продукција и консумација и користење на ресурсите би се вклучиле во извештајот за Состојбата со животната средина во Европа 2015, како и годишниот индикаторски извештаи за 2014.