Одделение за катастри и моделирање

Одделение
Воспоставува база на податоци за евиденција на загадувачите и на изворите на загадување кои испуштаат загадувачки материи и супстанции во животната средина.
Одделение за катастри и моделирање

Во одделението за катастри и моделерање се подготвуваат и одржуваат:

  • катастрите за медиумите на животната средина (воздух, вода и бучава) како дел од националниот информативен систем за животна средина; 
  • моделирање; и 
  • воспоставуање и одржување на Регистар на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ). 

Во однос на катастрите во одделението се вршат и координираат активностите околу одржување и ажурирање на поедините катастри (воздух, вода и бучава) преку :

  • идентификација на изворите на загадување; 
  • идентификација на загадувачките супстанците кои се испуштаат во медиумите на животна средина;
  • одредување на количина на испуштени загадувачки супстанци и 
  • временскиот период во кој настанува загадувањето.  

Во однос на моделирањето во одделнието се вршат активности поврзани со моделирањето кое во моментов е воспоставено само во областа на воздухот, поточно воспоставени се два локални дисперзиони модели за стационарни и мобилни извори на загадување и преземање на податоци од регионален прогностички модел од дедициран сервер на Финскиот метеоролошки институт кој ги споделува податоците со нашето Министерство. 
Исто така воспоставен е COPERT модел за пресметување на емисии од мобилни извори на загадување – TIER 3.

Во одделението развиени се и капацитети за користење на рецепторни модели за одредување на извори на загадување во фракции на PM честички.

Во однос на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во одделението се извршуваат активности поврзани одржување и ажурирање на сеопфатна база на податоци за националните емисии и преносот на загадувачите во СРМ. РИПЗ содржи податоци за: 

  • Постројката и нејзината географска местоположба, вклучувајќи го и речниот басен;
  • Сопственик или оператор на постројката задолжен за доставување на податоците;
  • Индустриски сектор
  • Испуштањето на загадувачи во медиумите на животната средина (воздух, вода и почва);
  • Пренесувања на отпад надвор од локацијата и нивно одредиште, како што е соодветно; и
  • Пренесувања на загадувачи во отпадна вода надвор од локацијата
     
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30