Одделението за мониторинг на квалитет на амбиентен воздух управува со Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКВ).
ДАМСКВ се состои од 21 фиксна и една мобилна автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух. Фиксните мониторинг станици се поставени во следните градови: пет во Скопје (Карпош, Центар, Ректорат, Лисиче и Гази Баба), две во Битола, по една во Кичево, Велес, Илинден, Куманово, Кочани, Тетово, Кавадарци, с. Лазарополе, Струмица, Гостивар, Гевгелија, Прилеп, Берово и Охрид. Мобилната мониторинг станица се користи за следење на квалитетот на воздухот во помалите градови. Моментално, мобилната станица за автоматско следење на амбиентниот воздух е поставена во Ѓорче Петров (Скопје). Претходно, мобилната станица беше во Бутел (Скопје) и работеше една година во периодот 2018-2019 година.
Основните задачи на одделението се:
- редовно следење на функционалноста на мерните инструменти;
- одржување на инструментите, односно редовна замена на потрошните материјали согласно динамиката дадена од производителите на опремата;
- сервисирање на инструментите;
- секојдневно следење на податоците добиени од ДАМСКАВ и нивна валидација и верификација;
- калибрација на анализаторите од мониторинг станиците со цел добивање на веродостојни податоци за квалитет на воздух;
- калибрација на референтните анализатори од калибрационата лабораторија за квалитет на воздух.
Одделението изготвува информации за состојбата со мониторингот и квалитетот на воздухот. Исто така подготвува дневен, месечен и годишен извештај за квалитетот на воздухот во државата, согласно податоците добиени од ДАМСКВ.
Одделението доставува известување во случај кога ќе забележи надминување на граничните вредности и праговите за алармирање на поедини загадувачки супстанци.
Подетални информации во врска со ДАМСКВ како и состојбата со квалитетот на воздухот во реално време може да најдете на следниов линк: https://air.moepp.gov.mk.