Соопштенија

Сите соопштенија од страна на органот, информации до јавност, медиуми и сите општи облигаторни информации
Соопштенија
  • 16.12 2024
    во врска со настанатиот проблем со депонирањето на комуналниот отпад и управувањето со комуналната депонија во Општина Кочани, како вклучена страна во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион, информираме дека на ден 17.12.2024 (вторник) со почеток во 17h, во просториите на Мултикултурен центар во Општина Кочани, ќе се одржи средба на претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од Општина Кочани, Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи – Кочани и граѓаните.
  • 16.12 2024
    Почитувани медиуми, Ве известуваме дека првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес (16.12.2024) во 10:00 часот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ќе учествува на трибината насловена „За студентски и универзитетски прашања“.
  • 11.12 2024
    Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес отпатува на работна посета на Виена, Австрија, каде ќе учествува и ќе има обраќање на 22-от Министерски совет на Енергетската заедница, што ќе се одржи на 12  декември.
  • 05.12 2024
    Утре, петок, 06.12.2024 година, со почеток во 11:00 часот во Центарот за култура, Тетово, првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити ќе учествува и ќе има обраќање на настанот за затворање на проектот „Подобрување на отпорноста по поплави во полошкиот регион“.
  • 04.12 2024
    Утре, 5ти декември 2024 (четврток), со почеток во 13.45, во општина Липково (место наречено рамниште, во билизина на Филтер станицата) првиот потпретседател на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, ќе ја започне акцијата на садење на дрвца
  • 27.11 2024
    Со цел намалување на загадувањето на воздухот во период ноември - февруари, кога според извршените мерења секоја секоја година се евидентираат зголемени концентрации на цврсти честички во воздухот, Работната Група за чист воздух изработи, а Владата го усвои, Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година
  • 26.11 2024
    Новите автобуси со компримиран природен гас, пристигнаа во Северна Македонија со ориентациони налепници на македонски, албански и англиски јазик од странскиот инвеститор, а на нив се забележани правописни грешки на  албански и македонски јазик.
  • 25.11 2024
    Со задоволство ве покануваме да го проследите промотивниот настан за примопредавање на шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од ЕУ преку проектот „ЕУ за чист воздух“, за возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) на Град Скопје.
  • 25.11 2024
    Ве известуваме дека денес, понеделник  25 ноември 2024 година,  со почеток во 12.00 часот првиот заменик претседател на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање г-дин Изет Меџити ќе ја посети локацијата каде што беше предвидена изградбата на АСФАЛТНАТА БАЗА во индустриската зона ВИЗБЕГОВО.