Соопштенија

Сите соопштенија од страна на органот, информации до јавност, медиуми и сите општи облигаторни информации
Соопштенија
  • 24.01 2025
    24.01.2025г) Согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025г.“  и обврските, до 23.01.2025г. до Министерството за животна средина и просторно плнаирање се стигнати извештаии за преземени акции од 13 општини од државата и тоа од општините: Прилеп, Тетово, Центар, Илинден, Велес, Штип, Крушево, Ранковце, Гази Баба, Шуто Оризари, Охрид, Град Скопје и Богданци. 
  • 24.01 2025
    Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 23.01.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 µg/m3, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Кичево.
  • 23.01 2025
    Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Битола – Битола 2.
  • 22.01 2025
    Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  µg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Кичево.
  • 21.01 2025
    Со ова упатство се пропишуваат поблиските услови за ограничување на увозот на флуорирани јаглеводороди (HFC) во 2025 година
  • 15.01 2025
    Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, утре, четврток, 16.01.2025, со почеток во 11.00 часот, во Хотел Мериот ќе учествува и ќе има обраќање на Завршниот настан од Твининг проектот на ЕУ „Поддршка во имплементацијата на отпадот - Законодавство за управување и шема за проширена одговорност на производителот “
  • 10.01 2025
    Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 09.01.2025г., среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 µg/m3, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Струмица.
  • 08.01 2025
    МЖСПП ги повикува сите надлежни нституции, општините и Градот Скопје и општините од Градот поинтензивно да ги извршуваат своите обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“
  • 08.01 2025
    (08.01.2025г.) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.