Почитувани,
Утре, 5ти декември 2024 (четврток), со почеток во 13.45, во општина Липково (место наречено рамниште, во билизина на Филтер станицата) првиот потпретседател на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, ќе ја започне акцијата на садење на дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени, со вкупна површина од околу 400 хектари во целата држава.
Целта на акцијата е обновување на шумскиот фонд, заштитување на почвата од ерозија во близина на еден важен капитален стратешки објект, како што е Липковското езеро, преку кој се обезбедува водоснабдување на оваа општина.
Активноста се спроведува во рамки на проектот кој е финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд ГЕФ 6, со вкупна вредност од 500 илјади долари, а се спроведа од Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП).
Садењето на 800 илјади садници, наредниве 24 месеци, ќе се одвива заедно со Јавното претпријатие ,,Национални Шуми” вкупно во пет локации во Северна Македонија: во околината на Липковско Езеро, село Страчинци, Свети Николе, Демир Капија и Гевгелија.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го следат овој настан.
По акцијата, предвидени се изјави зе медиумите од страна на вклучените институции.
Локација: Липковско Езеро, о. Липково (место наречено рамниште, Филтер станица)
Дата: 5ти декември 2024 (четврток)
Почеток: 13:45 часот