Соопштенија
Ве известуваме дека денес, понеделник 25 ноември 2024 година, со почеток во 12.00 часот првиот заменик претседател на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање г-дин Изет Меџити ќе ја посети локацијата каде што беше предвидена изградба
25.11.2024
Почитувани,
Ве известуваме дека денес, понеделник 25 ноември 2024 година, со почеток во 12.00 часот првиот заменик претседател на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање г-дин Изет Меџити ќе ја посети локацијата каде што беше предвидена изградбата на АСФАЛТНАТА БАЗА во индустриската зона ВИЗБЕГОВО.
Меџити пред стопанствениците, жителите на оваа населба и претставниците на медиумите, ќе информира за ставот на МЖСПП и Владата на Република Северна Македонија во однос на оваа инсталација.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го следат овој настан.