24.01.2025г) Согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025г.“ и обврските, до 23.01.2025г. до Министерството за животна средина и просторно плнаирање се стигнати извештаии за преземени акции од 13 општини од државата и тоа од општините: Прилеп, Тетово, Центар, Илинден, Велес, Штип, Крушево, Ранковце, Гази Баба, Шуто Оризари, Охрид, Град Скопје и Богданци.
Во однос на мерката Сите на терен: Вонредни инспекциски надзори на терен за контрола на Б-Интегрирана еколошка дозвола и Елаборати-казнувања и опомени за горење масло, пластика и други опасни материи -казнување и опомени на мали сервиси и погони, општина Прилеп има направено 5 вонредни инспекциски контроли на мали производители и сервиси при што кај сите пет е утврдено дека нема горење на отпадни масла, за три е издадено решение за мерење на емисии во воздух од работата на котелот на пелети и доставување на податоците од МЖСПП, а за еден автосервис што се загрева на шпорет на дрва издадена е опомена - решение за изготвување на елаборат за заштита на животна.
Општина Тетово има извршено контрола на 5 субјекти од кои 4 користат огревно дрво за затоплување, а еден е во мирување.
Општина Центар, исто така спроведува зачестени инспекциски надзори на инсталации кои што подлежат на Елаборат за животна средина и користат различни енергенси за греење или подготовка на храна: ресторани, сендвичари, сервиси за миење возила и автоперални. Дел од субјектите се задолжени со елаборат или им се предложени други технички мерки и решенија.
Извршени се и вонредни надзори на приватен имот, напуштени дворови, подруми и гаражи, каде што има оставен отпад, со цел да се спроведе чистење и да се спречи палење на отпад, пожари и сл.
Оваа општина во Извештајот наведува дека спровела активности за поставување на прочистувачи на воздух во градинките и основните општински училишта и поставување на филтри на прозорците во сите градинки со цел избегнување, спречување и намалување на штетните ефекти од загадувањето на амбиенталниот воздух врз човечкото здравје и животната средина. Исто така, редовно спроведува чистење и миење на улиците зависно од временските услови и расчистување на дивите депонии. Во изминатиот период од 09.01.2025 година, започнале со редовно чистење на атмосферските шахти и миење на сервисните улици на територија на Општина Центар-Скопје, а го спровеле и проектот: „Цел Центар на точак“, преку кој се доделени 140 субвенции за велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети. Направена е и контрола на повеќе активни градилишта, на територија на населбите: Водно, Буњаковец, Дебар маало, Центар и Пролет, во однос на спроведувањето мерки за миење на тркалата од возилата, камионите и багерите, како и одржување на јавната чистота на улиците околу градилиштата и изречени се глоби за вклучување на моторни возила со валкани тркала на коловоз.
Општина Велес извести дека од страна на ЈКП Древен Велес извршено миење на повеќе улици во градот и извршени се вондредни контроли на градилиштата од страна на овластените градежни инспектори при што не се констатирани неправилности што дополнително би влијаеле на квалитетот на амбиентниот воздух. Согласно известувањето, од територијалната единица за противпожарна заштита на територијата на општина Велес-Чашка-Градско интервенирано е и постапено по пријавени случаи на пожар на запалени контејнери, тревна површина, додека останатото е поради настанат дефект. Во меѓувреме Општина изработила Акциски план за намалување на загадувањето на воздух кој е доставен до надлежните органи за согласност.
Општина Штип испрати Укажување на понатамошна постапка до сите ООУ, СОУ, детски градинки и Домот на млади за одржување на системот на централно греење.
Општина Крушево, во рамките на проектот Крушево и Елбасан – призната прекугранична туристичка дестинација, постави два уреда за мерење на квалитетот на воздухот, една во центарот за параглајдинг во Крушево и другата во близина на метеоролошката станица. Податоците после соодветната статистичка обработка се презентираат на веб сајтот на општина Крушево како и на други мобилни уреди. Истите се прикажуваат во реално време односно се обновуваат во временски интервал од неколку часови.
Во однос на инспекторирањето, општина Крушево известува дека нема издадено Б-Интегрирани дозволи на нивната територија, а и нема инспектор за животна средина.
Општина Ранковце извести дека се преземени активности за редовно миење на улиците и тротоарите на територијата на општина Ранковце и спроведува засилени контроли на сите инсталации со издадена Б интегрирана дозвола.
Општина Гази Баба во организирана акција во населено место Кирил Петрушевски (Вардариште), во соработка со МВР и ЈКП Гази Баба 2007 подигнала 1 тон отпадни гуми кои населението ги користи за загревање. По пријави за оган на отворено, службите интервенирале 7 пати во домот „Ранка Милановиќ“ во соработка со Министерство за внатрешни работи и протвипожарна бригада на Град Скопје. Исто така, извршен е увид во 3 автомеханичарски работилници поради опасност и превенција од согорување на отпадно масло и не се констатирани неправилности и увид на 2 локации (Ченто и Инџиково) по пријава за согорување на отпад во домашни ложишта и изречени опомена. Инспекциските служби направиле обиколка и проверка на градилиштата за почитување на обврските во однос на Јавната чистота .
Од Општина Шуто Оризари известуваат дека спровдуваат редовно чистење на улици и тротоари и секојдневно чистење на локални депонии и дека вовеле сменска работа на комунали редари за време на грејната сезона за спречување за палење на оганови на отворено. Исто така, спроведуваат засилено контроли на фирми со одобрен елаборат за животна средина, како и на активни градилишта. Имаат остварено соработка со полицијата за ограничување на движење на тешки товарни возила.
Општина Охрид информира дека спроведува редовно чистење и метење на улиците кои се поделини во 4 категории, спроведува конторла на градилиштата при што има констатирано дека нема недозволени емисии од загадувачки супстанци, кон што придонесува и врнежливот период од годината. Направен е инспкциски надзор на една работилница за работилница за мебел шрто се затоплува со печка на дрво, но не се костатирани неправилности.
Од Град Скопје известуваат дека инспекторите за животна средина на Град Скопје работат и во втора смена и спровеле теренска обиколка на инсталации детектирани како потенцијални извори на загадување. Комуналната инспекција има организирано дежурство 24/7на територија на Град Скопје, и спроведува редовна контрола на ЈП Водовод и канализација за одржување на атмосферската канализација и атмосферски шахти и сливници, како и секојдневни контроли на градилиштата.
Дополнително Комуналната инспекција и Инспекцијата за животна средина на Град Скопје вршат секојдневни превентивни контроли за палење смет и друг вид на отпад на отворено и спроведуваат организирано дежурство 24/7 на локациите со потенцијал за оган на отворено.
Општина Богданци извршила вонреден инспекциски надзор во еден автосервис што користи пелети како гориво, при што не се најдени неправилности