Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, утре, четврток, 16.01.2025, со почеток во 11.00 часот, во Хотел Мериот ќе учествува и ќе има обраќање на Завршниот настан од Твининг проектот на ЕУ „Поддршка во имплементацијата на отпадот - Законодавство за управување и шема за проширена одговорност на производителот “, на која Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, во партнерство со Фондацијата за заштита на климата на сината планета од Унгарија, како главен партнер и Република Австрија како помлад партнер, ја финализираат имплементацијата на овој твининг проектот на 28 февруари, по 27 месеци од реализацијата.
Отворањето ќе биде означено со воведни обраќања на Изет Мехџити, министер за животна средина и просторно планирање, Андраш Клајн, амбасадор на Унгарија, Мартин Памер, амбасадор на Австрија и Стефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го следат овој настан.