На средбата се разговараше за заеднички прашања од областа на заштитата на животната средина и просторното планирање, како и за можностите за проширување на соработката меѓу двете држави во подобрување на квалитетот на животната средина во државата, особено за намалување на загадувањето на воздухот, унапредувањето на управувањето со отпадот и за одржливиот урбан развој.
Амбасадорката ја изрази подготвеноста на Шведска да обезбеди техничка и финансиска поддршка за проекти кои придонесуваат за подобрување на еколошките услови во државата.
Меџити и Ларсон Џеин ја нагласија важноста од вклучување на локалните заедници и подигање на јавната свест за еколошките прашања, како и улогата што невладините организации и приватниот сектор можат да ја имаат во оваа насока.