Новости
Работна средба со новиот директор на АД Водостопанство

15.08.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес оствари работна средба со новиот директор на АД Водостопанство, Филип Филиповски.
Се дискутираше за моменталната состојба на акумулациите и водотеците со кои стопанисува АД Водостопанство, а тема на состанокот беше и состојбата со речните корита.
Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на соработката во оваа област, потенцирајќи ја потребата од поцелосна координација и комуникација помеѓу двете институции со цел обезбедување на навремени податоци и информации за состојбата со водите во државата.