Средба со амбасадорката на Шведска Н.Е. Ами Ларсон Џеин

News
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно плнирање Изет Меџити оствари средба со амбасадорката на Шведска Н.Е. Ами Ларсон Џеин
Средба Меџити - Ларсон Џеин
16.08.2024
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно плнирање Изет Меџити оствари средба со амбасадорката на Шведска Н.Е. Ами Ларсон Џеин.

На средбата се разговараше за заеднички прашања од областа на заштитата на животната средина и просторното планирање, како и за можностите за проширување на соработката меѓу двете држави во подобрување на квалитетот на животната средина во државата, особено за намалување на загадувањето на воздухот, унапредувањето на управувањето со отпадот и за одржливиот урбан развој.

 

1

 

Амбасадорката ја изрази подготвеноста на Шведска да обезбеди техничка и финансиска поддршка за проекти кои придонесуваат за подобрување на еколошките услови во државата.

 

2

 

Меџити и Ларсон Џеин ја нагласија важноста од вклучување на локалните заедници и подигање на јавната свест за еколошките прашања, како и улогата што невладините организации и приватниот сектор можат да ја имаат во оваа насока.

Submitted by alfa4 on 16.08.2024 - 14:31