Заменик министерката Лашкоска на средба со директорот на Водостопанство, Филиповски

News
Работна средба со новиот директор на АД Водостопанство
Заменик министерката Лашкоска на средба со директорот на Водостопанство, Филиповски
15.08.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес оствари работна средба со новиот директор на АД Водостопанство, Филип Филиповски.

Се дискутираше за моменталната состојба на акумулациите и водотеците со кои стопанисува АД Водостопанство, а тема на состанокот беше и состојбата со речните корита.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на соработката во оваа област, потенцирајќи ја потребата од поцелосна координација и комуникација  помеѓу двете институции со цел  обезбедување на навремени податоци и информации за состојбата со водите во државата.

Submitted by alfa4 on 15.08.2024 - 15:54