Клучен индикатор кој го прикажува степенот на спроведување на Законот за води е процесот на издавањето на управните акти за користење на вода и испуштање во води во Република Северна Македонија. Индикаторот го илустрира трендот на издадени решенија односно дозволи за вода на сите правни и физички лица кои се баратели на предметните дозволи.
Број на издани дозволи на годишно ниво.
Дали издавањето на дозволите за користење на вода и испуштање во води ќе обезбеди подобрување на системот на управување со водите во Република Северна Македонија?
Во разгледуваниот период од 2012 до 2021 година, издадени се вкупно 929 дозволи за води, од кои 101 дозволи за испуштање во води и 828 дозволи за користење на вода. Најголем број на издадени дозволи има во 2015 година, 16 дозволи за испуштање во води и 133 дозволи за користење на вода. Бројот на издадени дозволи има тренд на опаѓање во периодот од 2016 до 2019 година, по што се следи благ пораст, што е очекувано согласно утврдениот рок на важност.
График 1. Вкупен број на издадени дозволи по години
График 2. Број на издадени дозволи според вид на дозвола
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерството за животна средина и просторно планирање од 01.01.2011 година започна со спроведување на Законот за води. Секторот за води, при Управата за животна средина, согласно поднесените барања и соодветната техничка документација континуирано ја спроведува постапката за издавање решенија за користење на вода (вклучувајќи ги сите намени) и за испуштање во води и тоа за:
- консумирање од страна на човекот, наводнување, за индустриски,
- технолошки, стопански потреби и за други намени;
- за производство на електрична енергија и други погонски намени;
- за одгледување на риби;
- за пловидба;
- за спорт, рекреација, капење и
- акумулирање, зафаќање, црпење, користење, пренасочување и за
- други намени.
Во разгледуваниот период од 2012 до 2021 година, издадени се вкупно 929 дозволи за води, од кои 101 дозволи за испуштање во води и 828 дозволи за користење на вода. Најголем број на издадени дозволи има во 2015 година, 16 дозволи за испуштање во води и 133 дозволи за користење на вода. Бројот на издадени дозволи има тренд на опаѓање во периодот од 2016 до 2019 година, по што се следи благ пораст, што е очекувано согласно утврдениот рок на важност.
Исто така од податоците може да се заклучи дека во целиот период поголем е бројот на дозволи за користење на води во однос на бројот на дозволи за испуштање во водите.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Број на издадени дозволи за користење на вода на годишно ниво.
Со континуирано издавање на дозволите за води во целост ќе се заокружи системот на водно право за користење и испуштање во води со што ќе се обезбеди да не постојат нелегални корисници. Со тоа ќе се обезбеди во целост принципот загадувачот плаќа и принципот на еколошко-социјален и економски концепт.
- Национално
МК НИ 034 Дозволи за води | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | C3. Total water use | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 2. End hunger, achieve food security, and improved nutrition and promote sustainable agriculture 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |