Индикаторот го следи процентот на апстракција на слатки води во Република Северна Македонија, измерен во однос на обновливте извори на слатки води.
- Индекс на експлоатација на водата – WEI се изразува во %.
Дали апстракцијата на водите се базира на одржливоста на водите?
Во периодот од 1990 до 2021 година, се бележи осцилаторен тренд на користење на водите. Посебен пораст е забележан во 2012 година, каде најголеми колични на водни ресурси се потрошени за наводнување. Тоа се должи на фактот што 2012 година беше сушна, а распоредот на врнежите беше таков што овозможи полненење на акумулациите со потребните количини на вода за наводнување.
График 1. Индекс на експлоатација на водата
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци:Државен завод за статистика, Управа за водостопанство, ЈП Водовод и канализација, Водните заедници
Во светски рамки кога WEI е над 20%, претставува стрес врз водните ресурси, а тоа би предизвикало економски потешкотии и проблеми во животна средина.
Во периодот од 1990 до 2021 година, се бележи променлив тренд на користење на водите во земјата. Посебен пораст на потрошувачката на вода е забележан во 2004, 2010 и 2012 година додека во преостанатиот период е во согласност со пропишаните светски вредности. Најголем корисник на површински и подземни води во разгледуваниот период се преработувачката индустрија и наводнувањето. Во годините од 2000 до 2003 како и 2008, 2011 и 2012 количините зафатена вода за наводнување ги надминуваат тие за преработувачката индустрија. Во целокупниот разгледуван период најмала е потрошувачка на вода за производството на електрична енергија односно за ладење на електарните.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Податоците се обезбедуваат и обработуваат по сектори и видови индустрија.
Експлоатациониот индекс на вода (wei) се пресметува преку средно годишната вредност на вкупната апстракција на вода поделена со вкупната средно годишната вредност на обновливи слатководни ресурси на ниво на држава.
WEI =(totABS/LTAA) *100
Каде што: totABS = средно годишната вредност на вкупната апстракција на вода за сите намени; LTAA = долгорочна годишна просечна вредност на слатководните ресурси, каде податоците се изразени во просек за период од најмалку 20 последователни години. Единица = %
- Обезбедување вредноста на WEI да е под 20%.
- Согласно SDG 6.4. – Значително зголемување на ефикасноста за користење на водата во сите сектори и да се обезбеди одржливо повлекување и снабдување со слатка вода за решавање на недостатокот на вода и значително намалување на бројот на луѓе кои страдаат од недостиг на вода.
- Годишно до Европската агенција за животна средина (EEA) за потребите нa WISE – SoE Water Quantity
- До УНЕЦЕ
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
- Извештај за состојба со животната средина
- Статистики на животна средина
МК НИ 018Индекс на експлоатација на водата | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-11/CSI 018, WAT 001-Use of freshwater resources in Europe |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | 33 – Water exploitation index | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |