МК НИ 039 Квалитет на вода за пиење

44
МК НИ 039
Квалитет на вода за пиење
Дефиниција

Овој индикатор го прикажува надминувањето на граничните вредности според Директивата за вода за пиење (80/778/ЕЕС) и нејзината ревизија (98/83/ЕС што влезе во сила во 2003 година) и Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење („Сл.весник на РМ“ бр.183/18), како и вредностите од Упатствата за квалитет на водата за пиење од Светската здравствена организација (СЗО, 2004 и 2006).

Надминувањето на граничните вредности за квалитет на водата за пиење се појавува кога концентрацијата/дозата на загадувачката материја ги надминува граничните вредности утврдени со горенаведените прописи.

Онаму каде што постојат повеќе гранични вредности (види дел за Цели на политиката), индикаторот го користи најстрогиот случај.

Единици
  •  Број на аеробни мезофилни бактерии во 1 ml,
  •  Број на колиформни бактерии во 100 ml,
  •  Број на термотолерантни колиформни бактерии во 100 мл
  •  Концентрација на физичко-хемиски загадувачки материи во mg/l
  •  Параметри за радиолошка исправност на водата за пиење во бекерели/l и вкупна индикативна доза во mSV/l.
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен за намалување на концентрациите на загадувачките супстанции во урбаните и руралните средини за достигнување на граничните вредности за квалитет на водите за пиење дефинирани во Правилникот?

Клучна порака

Пристапот до безбедна вода за пиење во Република Северна Македонија изнесува 98% (период од 2001 до 2021 година) со назнака дека од тоа во градовите населението има пристап до безбедна вода за пиење во 100%, а во руралните населби 74,83% од населението пие здравствено-исправна вода за пиење, додека остатокот е изложен на повремен ризик од бактериолошко загадување на водата за пиење (56,86%).

 

График 1. Квалитет на водата за пиење во проценти

CSI 039 Voda2022 MK

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, ЦЈЗ – 10 Регионални

Оценка

Санитарно-хигиенската состојба на објектите и здравствената исправност на анализираните примероци вода генерално задоволуваат, односно се во граница на очекуваното, во споредба со претходните години. Во периодот од 2001-2021 процентот на неисправни мостри според физичко-хемиска анализа се движи од 2,7-7,5%, а процентот на неисправни примероци според микробиолошката анализа се движи од 0,8-2,99%. Најчеста причина за неисправни наоди во физичко-хемиската анализа се должи на отсуство на резидуален хлор или зголемена содржина на железо во сировата вода и во многу мал процент заради зголемена содржина на нитрити од копани или дупчени бунари од индивидуални корисници. Кај бактериолшки позитивните наоди најчесто се работи за зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Токсичните параметри се во границите на законските норми.

Во сегментот на водоснабдувањето со здравствено исправна вода за пиење во руралните населени места во континуитет се провлекуваат пропустите од типот на недефинирани санитарни заштитни зони околу извориштата на водата за пиење, непостоење на соодветна опрема за пречистување и дезинфекција на водата за пиење како и несоодветно стручно одржување. Заради тоа се јавува висок процент на бактериолошки неисправни примероци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Квалитет на водата за пиење

10-те регионални центри за јавно здравје – Скопје, Куманово, Велес, Штип, Кочани, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид и Тетово со своите хигиенско-епидемиолошки станици во соработка со ИЈ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија вршат редовен и континуиран мониторинг на квалитетот на водата за пиење според бројот на мерни места и динамиката дефинирана во Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, („Сл. весник на РМ“ бр.183/18). Центрите за јавно здравје вршат основни физичко-хемиски и бактериолошки анализи на примероците на водата за пиење, додека Институт за јавно здравје на МК врши следење на периодичната физичко-хемиска анализа, анализа на резидуи од пестициди, анализа на контаминенти, паразитолошка и радиолошка анализа.

  • Методолошка несигурност

Податоците, генерално, се репрезентативни за целата урбана средина во Република Северна Македонија. Индикаторот е предмет на промени од година на година во зависност од воведувањето нови станици за пречистување на водите за пиење и во согласност со зголемениот тренд на опфаќање на руралното население со снабдување со безбедна вода за пиење.

  • Несигурност на податоци

Податоците, генерално, се репрезентативни на целата урбана средина во Република Северна Македонија. Репрезентативноста на избор на мониторинг е според барањата на ЕУ Директивата 98/83/EC.

Цели

Во Правилникот за безбедност на водата за пиење, дефинирани се граничните вредности за параметрите кои се мониторираат во водата за пиење од аспект на заштита на здравјето на луѓето.

Гранични вредности за концентрации на одделни параметри во водата за пиење

  • Во согласност со горенаведениот Правилник, дефинирани се гранични вредности за заштита на човековото здравје, усогласени со Директивата на ЕУ и Упатствата за квалитет на водата за пиење од СЗО (2004).

Согласно SDG – 6.1 Универзален и еднаков пристап до безбедна и достапна вода за пиење за сите.

Обврска за известување

Европска агенција за животна средина

  • Размена на податоците за квалитет на водата за пиење, во согласност со одлуката на Советот за воспоставување на реципрочна размена на информации и податоци за квалитетот на водата за пиење (98/83/EC).

Светска здравствена организација – ENHIS

  • Квалитет на водата за пиење, во согласност со Упатствата на СЗО за квалитет на водата за пиење од 1987 и 2004 година
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Вода Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Здравство
Код на индикаторот MK НИ 039 Временска покриеност 1990-2021
Име на индикаторот Квалитет на вода за пиење Извор на податоци Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 01.09.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Михаил Кочубовски
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
kocubov58@gmail.com
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 039 Квалитет на вода за пиење EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 3. Ensure healthy lives and promote well-being for all at all ages
6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all,
13. Take urgent action to combat climate change and its impacts
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не