Индикаторот го покажува вкупниот број на ноќевања на странски туристи по години на ниво на држава и според статистичките региони. Исто така, ја покажува структурата на ноќевањата и просечниот престој на туристите по земја на припадност.
- Број
Каков е трендот на ноќевања на странски туристи во Република Северна Македонија и каква е регионалната распределба?
Во поглед на меѓународната туристичка посетеност, ноќевањата на странски туристи во разгледуваниот период имаат тренд на зголемување, со драстичен пад во 2020 поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 каде бројот на ноќевања е скоро изедначен со нивоата од 1997. Во 2021 има закрепнување на бројот на ноќевања и нивниот број е зголемен за 2,6 пати во однос на претходната година.
Холандија има значителен удел во ноќевањата на странски туристи во Македонија, во разгледуваниот период со 4,6дена просечен престој на туристите. Гледано по статистички региони најголем број ноќевања се остварени во Југозападниоти Скопскиот регион. Во однос на ноќевањата на странски туристи по видови места, за 2021најголем број ноќевања се остварени во Скопскиот регион со 270.737 ноќевања, а најмал број на бањските места со 22.158ноќевања.
График 1. Вкупен број на ноќевања на странски туристи
График 2. Вкупен број на ноќевања и просечен престој на странски туристи по земја на припадност
График 3. Држави кои имаат значителен удел во просечниот престој на странски туристи
График 4. Ноќевања на странски туристи според статистички региони
График 5. Ноќевања на странски туристи по видови места во периодот од 2003 до 2021
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Ноќевањата ја следат посетеноста на странски туристи во Република Северна Македонија. Од сумираните резултати може да се воочи дека најголем број ноќевања оствариле туристите од Европските земји, Холандија е земја која има најголем удел во просечниот престој на туристите и изнесува 4,6дена. Од останатите континенти најголем просечен престој имаат туристите од Јужна Африка со 2,77дена. Следењето на движењата овозможува да следиме во која мерка атрактивноста на животната средина се приспособува кон барањата на овие посетители.
Странските ноќевања доживуваат скок во 2021 во однос на 2020 за 2.6 пати, ова се должи на намалените рестрикции за патување во време на пандемија. Со вкупен број од 670.460 ноќевања, реалистичните цели за 2021 за зголемување на бројот на ноќевања на странските туристи сепак не се постигнати.
Регионалната дистрибуција на странските остварени ноќевања, покажува дека туристите во 2021 оствариле најголем број ноќевања во Скопскиот регион, кој опфаќа урбана средини. По Скопскиот регион следува Југозападниот регион. Следењето на односите во регионалната дистрибуција на ноќевања, остварени од странски туристи, овозможува согледувања за преземените мерки за остварување на ноќевања во други регионални целини со посебни вредности.
Просечниот престој на странски туристи, овозможува да го следиме нивото на преокупираност со карактеристиките на животната средина. Од сликата може да се воочи дека странските туристи релативно кратко престојуваат во Република Северна Македонија. Оваа должина изнесува просечно околу 2,3 дена во анализираниот период што е забележително заостанување во однос на просечниот престој на домашните туристи кој изнесува 4,44дена.
Во однос на ноќевањата на странски туристи по видови места, најголем удел во вкупниот број на ноќевања има во езерски места со 41,45%, потоа следи Скопје со 34,55%, други места со удел од 17,47%, планински места со удел од 3,5% и најмал удел имаат бањските места со 3% во вкупниот број на ноќевања.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Податоците за туристите се добиени врз основа на редовните месечни извештаи на угостителските и другите деловни субјекти кои на туристите им даваат услуги за сместување, односно посредуваат во обезбедувањето на тие услуги. Извор на податоците се книгите за гости кои, според законските прописи, овие деловни субјекти задолжително треба да ги водат.
- Зголемување на бројот на ноќевања на странските туристи.
- Реалистично сценарио
– Вкупен број на ноќевања во 2021 – 1.600.000
– Вкупен број на ноќевања во 2030 – 3.400.000
– Севкупна годишна стапка на раст (СГСР) – 8,2%
- Оптимистично сценарио
– Вкупен број на ноќевања во 2021 – 1.800.000
– Вкупен број на ноќевања во 2030 – 4.100.000
– Севкупна годишна стапка на раст (СГСР) – 9,6%
- Интеграција на принципите на одржливиот развој и аспектите на животната средина во секторот туризам.
- Определување на подрачја од приоритетно значење за развој на туризмот.
- Поттикнување на размена на најдобра практика меѓу јавните и приватните туристички интереси.
- Заштита на природното богатство и биодиверзитетот во туристичките дестинации.
- Воведување и спроведување на законска регулатива во областа на туризмот, која ќе пропишува заштита на животната средина.
- Промовирање на органско фармерство, производство на здрава храна и особено, традиционално производство на некои производи (на пример, сирење, вино), производство на мед, одгледување на билки итн.
- Промовирање на одредени типови на туризам како што се вински туризам, ловечки туризам, следење на птици итн.
- Годишно до EUROSTAT
- Светска туристичка организација WTO
- Годишен статистички преглед за туризам и други услуги
- Петтогодишна анкета за странски туристи во сместувачките објекти
МК НИ 047-2 Туристички промет – Престој на странски туристи | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 6, Clean water and sanitation 11, Sustainable cities and communities 12, Responsible consumption and production |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |