МК НИ 048 Туристички обем и динамика на капацитетите

102
МК НИ 048
Туристички обем и динамика на капацитетите
Дефиниција

Индикаторот го покажува бројот на објекти за сместување, соби и легла, како вкупен број по години и учеството на одделните видови сместувачки капацитети во вкупниот број.

Единици
  • Број на објекти, број на соби и број на легла.
Клучно прашање за политиката

Какво е влијанието на сместувачките капацитети врз животната средина?

Клучна порака

Вкупниот број на капацитети за сместување – објекти во периодот од 2000 до 2021 година има тенденција на пораст од 55,1%. Бројот на соби има пораст од 10,7%, а бројот на легла има пораст од 4,3%, што се должи на подобрување на стандардот во објектите за сместување.

Во однос на структурата на капацитетите за сместување важно е да се акцентира дека зголемувањата се присутни кај објектите од хотелски карактер, а намалувањата, пред сè, се во областа на бањски и климатски лекувалишта и пансиони. Бројот на хотелските капацитети во 2021 година во однос на 2008 пораснал за 146,7%, бројот на бањски и климатски лекувалишта се намалил за 50,0%, а бројот на пансиони за 100%.

Во секторот туризам треба да се спроведат мерки за вложувања во сместувачките капацитети, со цел зајакнување на привлечноста и комодитетот во истите, со фокус на оптимизација на бројот на кревети во постојните сместувачки капацитети, модернизација, подобрување и реновирање и изградба на нови поголеми капацитети.

 

График 1. Вкупен број на капацитети за сместување – објекти

CSI 048 2022 MK_g1

 

График 2. Вкупен број на капацитети за сместување – соби и легла

CSI 048 2022 MK_g2

 

График 3. Капацитети за сместување – објекти структура

CSI 048 2022 MK_g3

 

 

График 4. Капацитети за сместување – соби структура

CSI 048 2022 MK_g4

 

 

График 5. Капацитети за сместување – легла структура

CSI 048 2022 MK_g5

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Сместувачките капацитети претставуваат супра структурни објекти кои овозможуваат посета и престој на туристите во определена животна средина. Нивното следење овозможува да се согледа развојот на регионот.

За прв пат во 2008 година се воведе статистичко следење на објектите за сместување со ѕвездички. Категоризацијата на објектите со ѕвездички не може да се поврзе по автоматизам со категоризацијата со која претходно се следеа објектите, и поради тоа има прекин во годишните серии на податоци.

Вкупниот број на капацитети за сместување – објекти во периодот од 2000 до 2021 година има тенденција на пораст од 55,1%. Бројот на соби има пораст од 10,7%, а бројот на легла има пораст од 4,3%, што се должи на подобрување на стандардот во објектите за сместување.

Во однос на структурата на капацитетите за сместување важно е да се акцентира дека зголемувањата се присутни кај објектите од хотелски карактер, а намалувањата, пред сè, се во областа на бањски и климатски лекувалишта и пансиони. Бројот на хотелските капацитети во 2021 година во однос на 2008 пораснал за 146,7%, бројот на бањски и климатски лекувалишта се намалил за 50,0%, а бројот на пансиони за 100%. Ова може да се оцени како позитивна тенденција затоа што е плод на трансформација на некомерцијалниот во комерцијален сектор, кој во поголема мерка ќе мора да ги почитува стандардите за заштита на животната средина.

Бројот на соби и легла најмногу се зголемил во категоријата на хотели со три ѕвезди, и тоа соби за 5,4 пати а легла за 5,9 пати. Во категоријата на преноќишта бројот на соби и легла има најголем пораст. Бројот на соби се зголемил 3,6 пати, а бројот на легла 4,3 пати. Во категоријата на коли за спиење бројот на соби и легла има најголем пад и тоа, 67% (соби) и 77% (легла).

Бројот на сместувачки единици може да има позитивно и негативно влијание. Позитивните влијанија се сврзани со правилното искористување на просторот за лоцирање на капацитетите, а негативно кога на несоодветен начин се окупира просторот со сместувачки капацитети.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Тенденција на развој на сместувачки единици.

Учество на одделните видови сместувачки капацитети во вкупниот број.

Цели
  • Интеграција на принципите на одржливиот развој и аспектите на животната средина во секторот туризам.
  • Поттикнување на размена на најдобра практика меѓу јавните и приватните туристички интереси.
  • Унапредување на сместувачките капацитети во туризмот.
Обврска за известување
  • Статистички годишник
  • WTO
  • EUROSTAT
Општи мета-податоци
Тема Туризам Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Вода, Природа, Отпад, Енергија, Транспорт, Бучава, Економија на животната средина и управување со ресурси
Код на индикаторот MK НИ 048 Временска покриеност 2000-2021
Име на индикаторот Туристички обем и динамика на капацитетите Извор на податоци При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР С, П Датум на последна верзија 27.09.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Катерина Николовска
Ана Димишкова
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk
a.dimishkova@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 048 Туристички обем и динамика на капацитетите EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 6, Clean water and sanitation
11, Sustainable cities and communities
12, Responsible consumption and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не