Меџити се сретна со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнес

08.10.2024
Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, вчера имаше средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес

Меџити: намалување на влијанието од климатските промени, приоритет на владата

07.10.2024
Скопје, 07.10.2024 година Северна Македонија се соочува со сериозни влијанија на климатските промени и има потреба од големи инвестиции за заштита на луѓето и економијата, беше кажано на презентацијата на двата извештаи на Светска банка, одржана денеска во Скопје, едниот за климата, а другиот за јавните финансии, кои се однесуваат на климатските предизвици со кои се соочуваме како земја.

Меџити изврши увид на работите на изградбата на ободниот канал во Арачиново

04.10.2024
Скопје, 04.10.2024 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одблиску ја набљудуваше изградбата на ободниот канал во Арачиново, чија цел е заштита од поплавување на населението и земјиштето, како и подобрување на условите за живот на жителите на  општина Арачиново. 

Меџити на прва средба со новата постојана координаторка на ООН Рита Колумбиа

03.10.2024
Скопје, 03.10.2024г. - Денес, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити оствари прва средба со новата постојана координаторка на ООН, Рита Колумбиа.

Заменик министерката Лашкоска оствари средба со грчката амбасадорка Филипиду

02.10.2024
Скопје, 02.10. 2024г. Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, денеска, оствари протоколарна средба со амбасадорката на Грција во Скопје Н.Е Софија Филипиду и нејзината заменичка Георгија Андреади.

Меџити учествуваше на почетокот на новата академска година

01.10.2024
Првиот вицепремиер Меџити учествуваше на почетокот на новата академска година: Со гордост објавуваме дека Владата обезбеди 35 милиони евра за изградба на универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“

Лашкоска: Образованието и науката се исклучително важни во справувањето со загадувањето на воздухот

01.10.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска го отвори панелот на тема „Квалитет на воздухот во градовите на Западен Балкан: извори, влијание на здравјето и трошоци, што вчера вечер се одржа во рамки на Министерската конференција за образование и обука, истражување и иновации и култура за Западен Балкан 2024

МЕЏИТИ: Ги зајакнуваме процедурите за доделување на А и Б Интегрираните дозволи

30.09.2024
Скопје, 30.09.2024година - Првиот заменик претстедател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, со поздравно обраќање ја отвори денешната работилница за „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis-от во областа на индустриското загадување“.  

Соопштение

30.09.2024
Денес, 30 септември (понеделник) со почеток во 10:00 часот, во хотел „Арка“ во Старата Чаршија во Скопје, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе ја отвори Работилницата за животна средина и климатска акција која се спроведува во рамките на проектот „ИПА-Твининг“ со Европската Унија.