Официјално пуштање во употреба на мониторинг станица во Гевгелија

14.10.2020
Во четврток, 15 октомври 2020, година ќе се организира официјално пуштање во употреба на новата станица за мониторинг на квалитет на воздух. Церемонијата ќе се одржи пред самата станица која е лоцирана во непосредна близина на детска градинка „Детска радост“ – клон „Сончогледи“, на улицата Ристо Јанев во Гевгелија, со почеток во 12 часот.