Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 187/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 99/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 89/2022 и 171/2022) ја известува заинтересираната јавност дека ДК “ЕКОТОПИА“ ДООЕЛ од Скопје за потребите на инвеститорот ДТУ “БИС ОИЛ“ ДОО од Скопје ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот - Постројка за третман на автомобилски и комерцијални отпадни масла во општина Сарај, Скопје.
Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот - Постројка за третман на автомобилски и комерцијални отпадни масла во општина Сарај, Скопје ќе се одржи на 11 Септември 2024 година (среда) во салата на Советот на општина Сарај со почеток во 11:00 часот.
Контакт лица:
Управа за животна средина - Министерство за животна средина и просторно планирање
infoeko@moepp.gov.mk,
по пошта на адреса: плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје
ДТУ “БИС ОИЛ“ ДОО од Скопје - седиште ул. “1712“ бр. 31, Глумово, Сарај
Имер Селмани; е-маил: imer.selmani@bisoil.com.mk